Разговор со писателот Маринко Кошчец на Саемот на книга во Скопје

Оригинален линк на написот: Text.mk

На 19 април (петок), со почеток во 18:30, на саемот на книга во Скопје ќе се одржи книжевен настан на кој ќе биде претставено творештвото на писателот и преведувачот Маринко Кошчец. Настанот ќе се одржи на штандот на издавачката куќа Антолог. Модератор на настанот ќе биде писателот Владимир Јанковски.
Маринко Кошчец (Загреб, 1967), дипломирал англиски и француски јазик и книжевност на Филозофскиот факултет во Загреб. Магистрирал во областа на семиологијата на универзитетот Париз VII и науката за книжевност на Филозофскиот факултет во Загреб. Во 2005 година докторирал со делото „Поетиката на Мишел Уелбек. Наратолошка, стилистичка и контекстуална анализа на опусот“. Работи како вонреден професор на Катедрата за романистика на Филозофскиот факултет во Загреб.

Освен научни дела пишува проза, есеи и критички текстови, а преведува и од француски и англиски јазик. Одржувал работилници за креативно пишување и работилници за книжевни преведувачи. Ги објавил романите: „Остров под морето“ (1999), „Некој друг“ (2001, награда Меша Селимовиќ за 2002), „Wonderland“ (2003, награда ВБЗ 2003), „Тоа малку песок на дланката“ (2005), „На сантиметар од среќата“ (2008), „Четвртиот човек“ (2011), „Во потрага за почетокот на кругот“ (2016) и „Сами“ (2021).

Според критичарите, еден од најважните аспекти на творештвото на Кошчец е начинот на кој тој го третира јазикот во своите дела. На стилско и јазично ниво, неговите прози изобилуваат со креативни и умешни решенија, при што речиси секоја реченица во неговите дела може да претставува осмислена целина и надвор од дискурсот и контекстот во кој е напишана, а секое нејзино вадење од текстот ја нарушува прецизната структура на целината во која е поставена. Кошчец е јазичен мајстор, врвен познавач на динамиката и стилистичките можности на јазикот.

Настанот е дел од резиденцијалниот престој на Маринко Кошчец во Скопје, поддржан од Европската мрежа за превод и книги „Традуки“.

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Мона Лиза добива нов простор во Лувр, а музејот ги зголемува цените на билетите

Францускиот претседател Емануел Макрон го претстави својот проект за „нова ренесанса“ во изложбениот простор каде што се наоѓа светски познатата слика „Мона Лиза“. Во рамките на оваа иницијатива најавено е и оформување на втор влез во музејот Лувр, за што ќе биде распишан меѓународен конкурс, со цел да се намали притисокот на посетителите кои секојдневно The post Мона Лиза добива нов простор во Лувр, а музејот ги зголемува цените на билетите first appeared on Text.mk.

Поп-ап хотел – Иновативен концепт за привремено сместување

Во современиот туризам, иновациите во угостителството стануваат клучни за привлекување патници кои бараат уникатни искуства. Еден од најновите трендови во хотелската индустрија е поп-ап хотелот – привремен сместувачки објект кој се поставува на одредено време и често на необични локации. Овој вид хотел нуди ексклузивен и единствен престој, без разлика дали станува збор за фестивали, The post Поп-ап хотел – Иновативен концепт за привремено сместување first appeared on Text.mk.

Правила за облекување во авион: Што може да доведе до забрана за качување?

Една американска авиокомпанија неодамна се најде во центарот на вниманието поради воведување низа прописи во врска со облекувањето на патниците. Според новите правила, патниците нема да бидат примени во авионот доколку не се облечени соодветно или носат несоодветна и непримерна облека. Новите прописи, кои веројатно ќе ги прифатат речиси сите американски авиокомпании, предвидуваат построги правила The post Правила за облекување во авион: Што може да доведе до забрана за качување? first appeared on Text.mk.