Разговор со писателот Маринко Кошчец на Саемот на книга во Скопје

Оригинален линк на написот: Text.mk

На 19 април (петок), со почеток во 18:30, на саемот на книга во Скопје ќе се одржи книжевен настан на кој ќе биде претставено творештвото на писателот и преведувачот Маринко Кошчец. Настанот ќе се одржи на штандот на издавачката куќа Антолог. Модератор на настанот ќе биде писателот Владимир Јанковски.
Маринко Кошчец (Загреб, 1967), дипломирал англиски и француски јазик и книжевност на Филозофскиот факултет во Загреб. Магистрирал во областа на семиологијата на универзитетот Париз VII и науката за книжевност на Филозофскиот факултет во Загреб. Во 2005 година докторирал со делото „Поетиката на Мишел Уелбек. Наратолошка, стилистичка и контекстуална анализа на опусот“. Работи како вонреден професор на Катедрата за романистика на Филозофскиот факултет во Загреб.

Освен научни дела пишува проза, есеи и критички текстови, а преведува и од француски и англиски јазик. Одржувал работилници за креативно пишување и работилници за книжевни преведувачи. Ги објавил романите: „Остров под морето“ (1999), „Некој друг“ (2001, награда Меша Селимовиќ за 2002), „Wonderland“ (2003, награда ВБЗ 2003), „Тоа малку песок на дланката“ (2005), „На сантиметар од среќата“ (2008), „Четвртиот човек“ (2011), „Во потрага за почетокот на кругот“ (2016) и „Сами“ (2021).

Според критичарите, еден од најважните аспекти на творештвото на Кошчец е начинот на кој тој го третира јазикот во своите дела. На стилско и јазично ниво, неговите прози изобилуваат со креативни и умешни решенија, при што речиси секоја реченица во неговите дела може да претставува осмислена целина и надвор од дискурсот и контекстот во кој е напишана, а секое нејзино вадење од текстот ја нарушува прецизната структура на целината во која е поставена. Кошчец е јазичен мајстор, врвен познавач на динамиката и стилистичките можности на јазикот.

Настанот е дел од резиденцијалниот престој на Маринко Кошчец во Скопје, поддржан од Европската мрежа за превод и книги „Традуки“.

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

АХВ повлече контаминирана АПТАМИЛ формула за доенчиња

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во понеделник, 26 јануари, спроведоа вонредна инспекциска контрола кај оператор со храна увозник на почетна формула за доенчиња, последователна формула за доенчиња и диететска храна за посебни медицински намени, за кои АХВ како контакт точка на Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни The post АХВ повлече контаминирана АПТАМИЛ формула за доенчиња first appeared on Text.mk.

Македонска филхармонија премиерно ќе ја изведе мисата за мир „Вооружен човек“

Овој четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија премиерно ќе го изведе вокално-инструменталното дело „Вооружениот човек“ (миса за мир) од британскиот композитор Карл Џенкинс. Диригент е Сашо Татарчевски, настапува и хорот „Про Aрс“, а како солисти ќе ги чуеме Мартина Георгиевска, Ана Ценевска Мучева, Емили Христоска, Исабела Димовска, Дејан Симоски, Мартин Блажевски и Месут The post Македонска филхармонија премиерно ќе ја изведе мисата за мир „Вооружен човек“ first appeared on Text.mk.

МВР ги објави казните за прекршоци во рамки на проектот „Безбеден град“

Во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот и доследна примена на законите, Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните за прекршоците што се санкционираат преку системот „Безбеден град“ и предвидените глоби. За пречекорување на брзина во населено место (дозволена брзина до 50 km/h, по исклучок до 70 km/h со знак): • до 10 km/h The post МВР ги објави казните за прекршоци во рамки на проектот „Безбеден град“ first appeared on Text.mk.