ДЗС потенцира дека растот на трошоците е резултат на повисоки цени во повеќе сектори, а инфлацијата продолжува да ја засега домашната економија. Во февруари е измерeна инфлација од 2,9 проценти.
Во февруари 2026 година, трошоците за живот во Македонија бележат умерен раст, покажува најновиот извештај на Државниот завод за статистика (ДЗС). На месечно ниво, трошоците се зголемиле за 0,2%, додека на годишно ниво растот изнесува 2,9%.
Индексот на цените на мало покажува дека земјоделските производи на месечно ниво се поскапи за 0,7%, а алкохолните и безалкохолните пијалаци за 0,5%. Сепак, некои категории покажуваат намалување. Трошоците за покуќнина, опрема за домаќинството, здравствена заштита, транспорт и комуникации се пониски за 0,2–0,8% во споредба со јануари.
На годишно ниво, најголемо поскапување има кај земјоделските производи 3,4% и индустриско-прехранбените производи 3,3%, додека непрехранбените индустриски производи и тутунот поскапеле за 1,9 процент. Рекреација, спорт и култура се поскапи за 5,4%, што е најголем раст меѓу сите сектори.









