РАДИО ПЕЛА ЗАКИТИ СО ПРИЗНАНИЈА 13 ВЕЛИЧЕСТВЕНИ ПРИЛЕПЧАНИ

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Прилеп уште еднаш докажа и потврдие дака има што да понуди – вредни, креативни, посветени, иновативни, посебни, одговорни и храбри луѓе, за кои вреди да се пишува и да се дел од новинарскиот бележник за нивните дела да останат во архивата на прилепската историја.
По 7ми пат, Радио Пела (Радио – Што – Се – Гледа) ја одржа манифестација „13 Величествени“ на кои беа номиниранат 13-сет  прилепчан,  преставници од институции, здруженија, поединци, кои изминатата година биле препознати од медиумите, затоа што со својот личен пример придонеле за поубава, поинспиративна средина и направиле одредени промени во заедницата .
Манифестација, која има за цел да ги истакне позитивните примери и вредности на луѓето за креирање на подобра заедницата, се одржува по повод Светскиот ден на радиото , 13 февруари, за потсетување колку е важено радиото како медиум во крирање на објективни и навремени информации и позитинви приказни, но,  и по повод одбележувањето на роденденот на радиото,  кое  оваа 2026 година слави 9 години од своето постоење.
Манифестацијата, годинава беше организирана во знакот на AI, која, 2025 година како алтака беше користена во медиумот и програмски, и технички, во генерирање емисии, синтетички гласови,  виртуелни водители, музички џинглови и спотови за промоција на радио станицата .

И, годинава 13 прилепчани, поединци, лидери на организации и институции кои оставиле белег во културно – забавниот и општествениот живот на Прилеп и биле забележани во новинарските приказни во 2025 година , беа  дел од номинираните: Филип Димкоски – млад културен активист, Данче Оклеска – активист кој ја мобилизира јавноста, Марија Дулевска – професор кој ја освојува јавноста со своите ставови, Кире Јоноски –лекар/менаџер кој ја менува сликата на здравството во Прилеп, СОУ „Орде Чопела“ – училиште кое ја гради заедницата преку неформално образование, Киро Ристески – гласот на тутунарите што ја мобилизира јавноста, Николче Здравески (постхумно) – легенда на фудбалскиот терен, ФК „Големо Коњари“ – инспиративна приказна за спортот, Ротари Клуб – Прилеп – приказна за солидарност, култура и општествена одговорност, Tuning Car Show- уникатен начин на промовирање на автомобилската култура, Емилија Ема Плејс – урбан лик од еснафот на фризерството кој ја освојува јавноста, Ангела Конева – херој од секојдневието со срце поголемо од стравот и Градската библиотека „Борка Талеска“ – 80 години центар на културна енергија.

Бидјеќи, платформата „13 Величествени“ е замислена како натпревар за цел вклученост и на публиката во изборот на НАЈ  величествено од 13 тите номинирани ајмногу гласови, повеќе од 50.000 како прво рангиран беше промовиран Tuning Car Show за ниниот уникатен начин на промовирање на автомобилската култура, организација која 18 години со успех организира изложба на олд тајмери .Здружението успева секоја година да донесе во Прилеп коли  од цела Европа, настан посетен од илјадници вљубеници во автомобилите.

Покрај стандардните статуетки, беа доделени и три награди, според гласовите од јавноста: стрип
креација за првонаградените Тјунинг кар шоу, и две карикатури за Кире Јоноски, доктор и директор на Прилепската болница и Емилија Ема Плејс, дела на прилепскиот уметник Дарко Талески.

Настанот кои се одржа во фоајето на  ЦК “Марко Цепенков“ го надополни средношколскиот бенд Lock dоwn , од СОУ Орде Чопела, со својата крајно професионална изведа, потврдувајќи сека младите се навистина се активни и надвор од формалнот образованито.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Јавен повик на Општина Прилеп за членови на Локалното собрание на млади

Општина Прилеп објави јавен повик за предлагање на кандидати за членови на Локалното собрание на млади, со цел активно вклучување на младите во локалните политики и донесување одлуки што го засегаат животот на младинската популација. Повикот е распишан врз основа на одредби од Статутот на Општина Прилеп и Законот за младинско...

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...