Радио Пела  ги годели признанијата „13 величествени“(ГАЛЕРИЈА)

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Вечерва, во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“, по повод Светскиот ден на радиото-13 февруари, и по повод осумгодишното постоење на медиумот, Радио Пела им ги врачи признанијата на тринаесете личности, преставници на компании и на здруженија кои во изминатата 2024 дале најголем придонес во заедницата како и на петмина успешни млади луѓе.

Според електронскотo  гласање на порталот radiopela.mk, гласале над 10.000 граѓани, а најмногу гласови доби директорот на ООУ „Климент Охридски“, Ахил Јаков кој беше предложен заради успешното и иновативно менаџирање на оваа образовна институција. Во категоријата на петмината успешни млади луѓе, најмногу гласови освои актерот Илија Волчески, кој минатата година брилираше со главната улога во претставата „Галеб“ од Чехов во продукција на Народниот театар од Битола.

Во консултација со независните културни работници и културни менаџери, Радио Пела, за првпат доделува специјално признание од областа на културата и филмот,  за локално позиционирање и делување во европски и светски рамки, на  Интернационалниот филмски фестивал „Винтер Априкотс“ кој кон крајот на годинава ќе го доживее своето десетто издание.

Меѓу наградените се најдоа и прилепските брендови  Прилепска пиварница, Автокотрол, Комфи Ангел, потоа Противпожарната служба-Прилеп, здружението „Спас за Прилеп“, единствениот женски камерен хор во Прилеп, „Керамија“, драмската секција „Слободно театарче“ при СОУ „Ѓорче Петров“, планинарката Маријана Ѓеорѓиевска, пејачот Филип Николоски, протоереј Љупче Петрески, активистката Марина Тошеска и спортскиот новинар Зоран Игески.

Од категоријата млади, признанија добија и поетесата Лина Димоска, научникот Петар Мирчески, пингпонгарот Мартин Ристески и писателката Нина Насеска.

Радио Пела продолжува да информира, да забавува и да едуцира и користејќи ги современите технолошки алатки, да се развива со цел да обезбеди што поквалитетни содржини за публиката. Покрај што ја емитуваме и интернет програмата Радио што се гледа, од неодамна со користење на вештачка интелигенција ги воведовме и првите вести од цаков вид, во градов. Медиум сме што не сака да раздвојува, туку да сплотува и се тдудиме да ги промовираме вистинските предности, па  со таква цел ја органзираме и манифестацијата 13 величествени-велат од Радио Пела.

Радиото оваа манифестација  ја организира по третпат, а првпат по повод Светскиот ден на радиото, прогласен од страна на Генералното собрание на ОН, во 2013 година.

На овој ден се слави радиото како медиум кој образова, обезбедува информации и ја промовира слободата на изразување во различните култури.

 

Филип Димкоски

Фото: Никола Димески

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

‼️Да гласаме -„Прилепчанчина“ имаат голема шанса за освојување МИЛИОНЧЕ‼️

Четиричлена екипа ученици од СОУ „Ристе Ристески Ричко“ има голема шанса да освојат награда од 1 милион денари. Тимот на „Прилепчанчина“ составен  од Иринеј Трајкоски, Антонио Христоски, Христијан Трајкоски и Даријан Мицкоски, сите ученици од СОУ „Ристе Ристески Ричко“ со својата идеја Локал Лендс (Local Lands) се пласираше во првите...

„Не биди трупец, засади дрво“ – акција за пошумување во билизна на с. Лениште

По повод Светскиот ден на лицата со дијабетес – 14 ноември и негово одбележување, во општина Прилеп ќе се реализира третата по ред акција за пошумување под мотото „НЕ БИДИ ТРУПЕЦ, ЗАСАДИ ДРВО“, во организација на „Сина Револуција“. Акцијата ќе се реализира на 16 ноември 2025/ недела/ од 10.00 часот...

Приказна за човекот и мечката – „Кој кому му е закна ?!„

Ноември – месецот кога шумата тивко се подготвува за зима. Но, зад мирната слика, понекогаш се крие опасност. Денoвиве јавно се говри за нешто што сè почесто го слушаме во вестите: напад на мечка врз човек. Се започнало како обично утро – човек излегува да бере печурки во шумата. Но,...