Пуштен во употреба експресниот пат Фариш-Дреново

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Пуштена е во употреба делницата Фариш – Дреново од експресниот пат А1, дел од коридорот 10д, се скратува времето за патување. Од денеска,  отворена е за сообраќај и оваа делница.

 

Проектот е со вкупна вредност од 44,74 милиони евра и е финансиран со заем од ЕБОР (Европска банка за обнова и развој). На пуштањето денеска присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт и врски Александар Николоски и директорот на јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски. 

 

 

 

На настанот беше кажано дека се успеа да се заврши и пушти во употреба, по неполни 6 месеци откако на почетокот на годинава, беше  пуштена првата делница Градско-Дреново. Всушност, се довршија градежните работи за изградбата на делницата Фариш-Дреново од  експресниот пат А1 и се доби целина од 26 километри експресен пат во Коридорот 10, со кој се скратува на времето на патување од Градско кон Прилеп, Битола, Ресен и понатаму.

– Го пуштаме во употреба експресниот пат Фариш – Дреново, во должина од 10,2 километри, со вредност од речиси 45 милиони евра – проект што е директна инвестиција во развојот, безбедноста и иднината на овој регион, на државата, на секој граѓанин. Овој пат е од витално значење и за Кавадарци, Прилеп, Битола и за Ресен. Овие пари, не завршија, како во минатото, во нечии џебови, не исчезнаа во провизии, тендери, фиктивни договори. Туку се тука, пред вас. Во асфалтот. Во оваа делница. Во реални, опипливи дела, истакна премиерот. 

Дојде време, рече тој, кога државата не е банкомат за моќници, туку мотор на развојот.

– Дојде време кога проектите не се рекламираат на хартија, туку се градат на терен. Дојде време кога парите од граѓаните – се враќаат назад кај граѓаните, преку проекти, патишта, училишта, фабрики. Македонија се гради – чекор по чекор, делница по делница, проект по проект. Со чесна работа, домаќинска политика и партнерства како ова со ЕБОР – ја менуваме државата од темел, нагласи тој. 

Гледано како подвиг после автопатот Охрид-Кичево, ова е дефинитивно најсложениот подвиг кој што беше за решавање. Тунелите позади нас и планинанта позади нив  беа голем предизвик. Буквално планина се помести за да се изгради овој експресен пат и да е безбеден што е многу значајно. Ние решивме отворањето да се помести за неколку месеци со цел да имаме максимално безбеден експресен пат по кој граѓаните ќе можат да сообраќаат, но исто така и да ги отстраниме сите пречки кои што стоеа на реализацијата на овој пат. Затоа на крајот на минатата година заедно со Премиерот донесовме одлука да се реши тој проблем, еве денеска е решен, ќе може да се види позади овие тунели дека планината не постои и тоа ќе е најлесниот и најбезбедниот начин за комуникација, што ќе значи од Скопје до Прилеп да се доаѓа за 1 час и 15, односно 1 час и 20 минути , а од Скопје до Битола да се патува за 1 час и 40 минути, а секако после реализацијата на автопатот Прилеп – Битола кој што доста интензивно се работи и за многу, многу пократко, посочи, вицепремиерот Александар Николоски

На само 10,2 км имаме 1 тунел со две цевки, 21 мост, 11 потпорни ѕида, 1 вијадукт, 7 АБ конструкции, бројни подпатници, цевасти пропусти и 1 кружен тек на постојниот пат со клучка Дреново. Реализирана е изведба на ободни канали, регулација на реката на неколку потези, заштита на косини, поставена е заштитна ограда, хоризонтална и вертикална сигнализација и друга патна опрема.“ – објасни, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски.

Проектант на делницата беше Простор дооо Куманово, изведувач на работите СИНОХИДРО КОРПОРЕЈШН ЛИМИТЕД Пекинг, НР КИНА, Подружница Скопје, а надзорот го вршеа ГЕИНГ и ЕВРО КОНСАЛТИНГ.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: