Пуштен во употреба детскиот велодром во Кочани – донација од Стопанска банка

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Со велосипедска дружба на најмладите, денеска во Кочани беше пуштен во употреба Детскиот велодром,  изграден со донација од Стопанска банка.

Во присуство на градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов и директори од Стопанска банка, беше промовиран преуредениот парк во велодром во населбата Калиманова Глава во Кочани.

Градоначалникот Грозданов изрази голема благодарност до Стопанска банка, до нејзиниот борд на директори за донацијата, ажурноста во изведбата и резултатот од неа.

Во најавениот рок за изградба добивме прекрасен простор за забава и рекреација на најмладите, по европски стандарди, со модерен лик, со вертикална и хоризонтална сигнализација. Направени се сите технички и структурни промени на просторот за да можат децата да ги усовршуваат велосипедските вештини – истакна градоначалникот Грозданов.

Татјана Калајџиева, менаџер во Стопанска банка, го изрази задоволството од изградбата на велодромот – место што ќе донесе радост, игра и здрави навики за најмладите во Кочани.

Оваа донација е дел од нашата долгорочна посветеност кон општествената одговорност, којашто Стопанска банка ја негува повеќе децении. Веруваме дека вистинската улога на една финансиска институција не е само економскиот развој, туку и вложувањето во луѓето и во заедницата – изјави Калајџиева.

На настанот беше организирана наградна игра за децата што учествуваа во промоцијата на велодромот.

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Книжарницата на тркала на „Антолог“ гостува во Кочани

Љубителите на книгата во Кочани ќе имаат можност да уживаат во богат избор на книжевни изданија од издавачката куќа „Антолог“, преку Книжарницата на тркала. Настанот ќе се одржи на 18 јуни 2026 година (четврток), во периодот од 10 до 21 часот, во Трговскиот центар во Кочани. Книжарницата на тркала на „Антолог“ овозможува книгите да стигнат поблиску до читателите

ПРОМЕДИКА ОФТАЛМОЛОГИЈА: Повторно гледајте јасно – операција на катаракта по промотивна цена!

Катарактата ви го заматува видот? Време е повторно да гледате јасно! Искористете сега 50% на прегледот во Промедика Офталмологија и промотивна цена од 36.000 денари за операција на катаракта, со можност за плаќање на рати со 0% камата. Врвни хирурзи, најдобри леќи и најголемо искуство во регионот. Закажете термин на бесплатниот број 0800 301 30