Првото бебе во Прилеп во новата година е девојче

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Првото роденот бебе во Прилеп во  новата 2025 година е женско. По неполни шест часа од Новата година. Рано утрово, на првиот ден од новата година , во прилепската болница се роди малата Стефани, која е и првиот нов жител на Прилеп, и прва рожба на 22-годишна мајка Ангела Јанеска.

„[penci_blockquote style=”style-3″ align=”none” author=”” font_weight=”bold”]Чувството е прекрасно. Се’ уште сум млада, збунета, но ќе се навикнеме. Нашата порака до сите мајки е да бидат пресреќни, бидејќи ова е незаменливо нешто, најубава чувство на светот“, – кажа младата мајка Ангела Јанеска.[/penci_blockquote]

Првото бебе во новата 2025 година се роди во 5.47 часот, по оперативен пат, значи со царски рез. Се породи живо женско дете 3.310 грама, со добар АБГАР-скор. И мајката, и бебето се со добра општа состојба“, – изјави д-р Гоце Оропан, гинеколог-акушер.

Традициинално, првороденото бебе го посети и градоначалникот, кој освен што им посака добро здравје на мајката и ќеркичката, им подари и пригодни подараци.

Нашата Локална самоуправа, заедно со Советот и’ доделивме на мајката штетдна книшка и прикладен подарок за еден нормален почеток во одгледувањето и растењето на малата Стефани“, – посочи Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

Инаку, новогодишната ноќ, во Прилеп главо поминала мирно, во која здравствените работници, за среќа, немале зголемен обем на работа.

  „Во прилепската болница немало некои позабележителни интервенции, нема сообраќајни незгоди, нема повредени со петарди и немаме пациенти во тешка алкохолизирана состојба“, – вели д-р Кире Јоноски, директор на ЈЗУ Општа болница – Прилеп.

Инаку, споредено со претходната година, во 2024 година во ЈЗУ Општа болница – Прилеп  имало 455 порадувања .

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Заврши комуналниот проект за одведување атмосферска канализација на влезот од Прилеп

Преку средства од Програмата за инвестирање во животната средина од Министерството за животна средина и просторно планирање во висина од 4.459.742,58 денари со кофинасирање од Општина Прилеп се изврши зацевување на атмосферски канал DN 1000 на ул.„Александар Македонски“ во Прилеп. Овој отворен канал беше еден од најпроблематичните делови во инфраструктурата....

(ВИДЕО) Прилепски Водовод подготвува проекти за канализациона мрежа во Селце и Лагово

Годинава во целост ќе профункционираат канализационите системи во населените места Мало и Големо Коњари, како и во Канатларци, одговори на новинарско прашање Игор Гулабоски, директор на ЈКП Водовод и канализација. За Мало Коњари сеуште се чека на преземањето на канализациониот систем во управување на ЈКП Водовод и канализација по завршување...

Нова книга-Како до еколошка заштита на растенијата?

Деновиве од печат излезе новото научно дело од нашата сограѓанка проф. д-р Биљана Консулоска Гвероска, насловено „Заштита на растенијата на здрав, природен и еколошки начин“. Станува збор за прирачник кој ги опишува природните препарати, дава рецепти за нивна подготовка, потоа дава рецепти за други природни средства за заштита освен растенијата,...