Првата транша заврши – од февруари втор јавен повик од 250 те милиони евра за општините од унгарскиот кредит

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Мостови, обиколници, градинки, булевари, водоводи, канализации, детски игралишта, пазари ќе се градат низ општините во земјава со парите од првата транша од унгарскиот заем. Тендерите завршиле за повеќе од 200 проекти, а општините кои се 81 на број, до централната власт доставиле вкупно 288 проекти. Нивната изградба почнува со подобрување на временските услови.

Веќе во првата недела од февруари, се очекува да биде распишан вториот јавен повик за општините да можат да ги искористат вкупно предвидените 250 милиони евра од унгарскиот кредит.

Во очекување и на вториот дел од траншата од вкупно предвидените 250 милиони евра која ќе се дели по исклучително поволни услови, локалните власти  во Општина Приел веќе ги финализираат постапките за реализација на проектите. Еден од тие проекти е и кружниот кај Табана, за кој веќе е објавен тендер за негова изградба, а јавната набавка ќе трае до 10.февруари , 2025 година, до кога заинтересираните изведувачи ќе треба да ги поднесат своите понуди. Но исто така, со овие средства предвидени се и други инфрастуктурни проекти со фокус на урбаниот дел од општината.

Инкау, во првиот јавен повик учествуваа 80 општини со дури 357 проекти. Од Владата тогаш соопштија дека високиот интерес само потврдува дека мерката за 250 милиони евра капитални инвестиции е оправдана и дека ова ќе биде историско високо ниво на инвестиции важни за локалната самоуправа со поддршка од Владата. Проектот е отворен за сите општини,

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)Талеска: Во Македонија потребен е етички кодекс за научно-истражувачките процеси

Друштвото за наука и уметност Прилеп во рамки на годишната програма  синоќа во Градската библиотека „Борка Талески“ се одржа предавање на тема „Етиката на современиот истражувач во научните истражувања“. Предавачот, м-р Моника Талеска, докторанд на ФТУ-Охрид, член на Претседателството на ДНУ-Прилеп ги поттикна основните поенти на темата, што како одговори...

Матеј Чатлески ќе боксува на „Balkan Boxing” во Бор (ФОТО)

  Во новата боксерска сезона , 2026 , прилепската боксерска гордост Матеј Чатлески ќе учествува на Balkan Boxing , на 28 март овој месец со директен пренос на ArenaFight. По тој повод вчера во Белград беше одржана заедничка прес-конференција на која се обратија директорот на Arena Channels Group, Небојша Жугиќ,...

Музика, позитивна енергија , грижа за себе – хепенинг на СОУ „Ѓорче Петров”

По повод престојниот празник 8-ми март , денот на жената , учениците од образовниот профил , фармацевтски техничар при СОУ „Ѓорче Петров” – Прилеп , денеска во центарот на градот , кај камената бина организираа , настан , кои како што тие го нарекоа , хепенинг , настан кој ги...