Првата група повредени од пожарот во Кочани почна со лекување на Пониква

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Почна лекувањето во одмарилиштето на „Пониква“ на настраданите од кобниот пожар што се случи во дискотеката „Пулс“. 46 луѓе на кои им е потребно лекување од изгореници, се дел од првата група којашто две недели ќе се лекува во одмарилиштето. Тие ќе добијат физикална и физиотерапија, ќе вежбаат јога, набавени се веќе и специјалните креми за изгорена кожа, а обучен тим на медицинари ќе се грижат за нив. Директорката на Општата боолница Кочани, информира дека во следен период, во неколку групи, пациентите ќе можат  во одмаралиштето да го продолжат лекувањето на раните.

58 пациенти веќе носат компресивна облека. Медицинарите забележале значителни подобрувања кај пациентите. Како што вчера беше објавено, дополнително, се вршат подготовките за изработка на компресивна облека за уште 14 лица, со помош на која ќе можат да ги изведуваат неопходните физикални вежби и ќе имаат заштитен фактор килу нивните лузни.

Лекарите ги советуваат пациентите стриктно да ги почитуваат препораките за носење на компресивната облека во поголем дел од денот, најмалку 23 часа. Притоа, во наредните две години, облеката треба да се менува на секои шест месеци, а Фондот за здравствено осигурување ќе обезбеди два сета по пациент.

Стигнати биле и лепенки што пациентите долго ги барале, првата пристигната тура броела 95 лепенки.

Веќе биле потпишани договори со ГОБ „8 Септември“ за пулмолози, се работело на списоци со пациенти на кои им е неопходен преглед кај пулмолог. Директорката на кочанската болница нагласи  дека ќе се направи список на потреби, распоред за пулмолошки прегледи кои што ќе се одвиваат во Општата болница – Кочани.

Истовремено, Кочани добива системски пристап во здравството и подобри услови за пациентите. Во моментов се одвива реконструкција на просторот на физикална медицина во кочанската болница, со вкупна површина од 350 квадратни метри. Рокот за завршување на работите е предвиден во наредните 3-4 недели.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кочанскиот КУД „Руен“ ја освои публиката и жирито во Сандански Бугарија

Денеска КУД „Руен“ – Кочани, учествуваше на меѓународниот фолклорен фестивал во Сандански, Бугарија. Фестивалот беше од натпреварувачки карактер, а нашето друштво се претстави со автентични ора, носии и македонска традиција. Како резултат на одличниот настап, освоивме плакета за одлично претставување, што претставува уште едно признание за трудот и љубовта што ја вложуваме во зачувувањето на

Двајца возачи лишени од слобода за управување возило под дејство на алкохол

Полициски службеници од ОВР Кочани и ОВР Берово вчера во 10.35 во Кочани и синоќа во 01.00 часот во Берово, ги лишиле од слобода Е.В.(23) од Радовиш и М.Ц.(46) од Берово затоа што управувале возила под дејство на алкохол. -При сообраќајна контрола на ул.„Т. Паунов“ во Кочани, полициски службеници сопреле возило „мерцедес“, кое го управувал

ДЕНЕСКА Е ПРВ ДЕН ОД ЛЕТОТО – КАКВО ЛЕТО НЕ ОЧЕКУВА?

Летото на северната полутопка на Земјата официјално започна утрово во 4:42 часот, додека зимата започна на јужната полутопка во исто време. За жителите на Северната хемисфера, летото започнува во моментот кога северниот дел од оската на Земјата е најблиску до Сонцето. На тој ден, висината на Сонцето напладне е најголема во текот на годината. Во