Протестен собир за Победа

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Љубовта кон фудбалскиот клуб Победа, фудбалскиот симбол на прилепчани, е причина неговите поддржувачи да бидат загрижени и бараат спас од општината, од локалните власти. Имено, тие на Фејсбук страната на Пибеда , поставија апел за-организирањњ собир за спас на клубот. Победа очигледно, за и во престојната натпреварувачка сезона  нема да и’ “цветаат рози“, а  јавноста освен “чаршински муабети“ нема друга информација за ситауцијата во која се наоѓа клубот. Во чаршијата јавно се говори, во медиумите никој не сака јавно да изјави, па се молчи! А, и никој од т.н управа не сака да зборува јавно на оваа тема .И, по ова, многу логична е очекуваната  реакцијата на симпатизерите. Сите тие одлучија да се соберат масовно в сабота во 10 часот пред Општината, и да  повикаа граѓаниете кои ја сакаат Победа да им се приклучат

Имано на нивната ФБ страна напишаа

Прилеп не смее да молчи! Време е за протест!
Фудбалскиот клуб Победа е симбол на нашиот град.
А денес, го гледаме како тоне… без реакција, без план, без срам!
Ако сега молчиме – утре ќе нема каде да тренира ниту едно дете.
Нема иднина без спорт! Нема иднина без Победа!
Да се кренеме сите – родители, деца, спортисти, тренери, навивачи, граѓани!
Да им покажеме дека Прилеп не се предава така лесно!
Да бараме решенија, поддршка, враќање на клубот!
СЕ СОБИРАМЕ [Сабота 26 Јули 10 часот ]
ЛОКАЦИЈА: [пред општина Прилеп]
Ако сакаш твоето дете да има каде да тренира, ако сакаш Прилеп да има клуб, ако веруваш во спортот –
НЕ МОЛЧИ! СПОДЕЛИ!
Да не се изгуби оваа шанса!

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: