Протест на Битолчани за изградбата на регионалната депонија во Новаци на која 18 општини треба да одлагаат отпад

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Изградбата на регионалната депонија во Новаци, во која отпад ќе треба да депонира и Прилеп, повторно на “стаклени нозе”. Битолчани, за в сабота, најавуваат протести против изградбата на Центар за справување со отпад на територија на Општина Новаци , а битолските советници, на денешната вонредна седница на Советот на Општина Битола,  предложија референдум, откако советот донесе одлука за формирање на комисија која ќе формира јавно претпријатие за упрваување со отпад. Ова го побараа дел од граѓаните кои присуствуваа на денешната вонредна седница на Советот, која ја свика претседателката Габриела Иливски по бурните реакции во јавноста.

Битолските советниците побараа да се спроведе референдум во Општина Битола, дали битолчани прифаќаат изградба на современ Центар за справување со отпад на територија на Општина Новаци, каде се предвидува ѓубрето да го  одлагаат 18 општини од Југозападниот регион (Новаци, Битола, Прилеп, Крушево, Долнени, Могила, Кривогаштани, Битола, Демир Хисар, Ресен, Охрид, Струга, Кичево, Дебар, Пласница, Центар Жупа, Вевчани, Дебарца и Македонски Брод). Граѓаните на Битола се плашат од ново загадување, а и од граѓанскиот сектор изразија недоверба за проектот.

Според планот отпадот до новата депонија ќе се носи по нов пат, обиколница и истиот ќе се транспортира во нови возила. „Ова е најдоброто решение за да се затворат сите диви депонии и третирањето на отпадот на современ начин„, беше речено на вонредната седница на Советот на Битола.

Проектот го спроведува министерството за животна средина, а за сите четири регионални депонии меѓу кои и оваа за Југозападниот регион, државата се задолжи со заем од Европската банка за обнова и развој. Во моментот, Министерството за животна средина подготвува тендерска документација за избор на изведувач што се очекува да заврши до 2025 година, а доколку навреме отпочнат работите изградбата на Центарот за управување со отпад треба да заврши до крајот на 2027 година.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилепското КУД „Мирче Ацев“ ќе настапи на Меѓународните фолклорни средби во Кавадарци

Прилеп ќе настапи на Кавадаречки  фолклорни средби кои ќе се одржат од 3 до 5 јули во Кавадарци. На оваа меѓународна културна манифестација ќе настапат фолклорни друштва од Македонија, Србија, Литванија, Турција и Мексико. Културно уметничко друштво „Мирче Ацев” е основано далечната 1947 година во Прилеп и е интерпретатор на...

Затворениците од Казнено-поправниот дом Прилеп вклучени во работни жетварски активности

Започна жетвата на 160 декари посеани со јачмен, како дел од планираните земјоделски активности на установата Казнено-поправниот дом Прилеп.   Производството на јачмен  за оваа установа е важено за обезбедување храна на сточниот фонд, во сопственот на установата.Тоа придонесува за поголема самостојност и функционалност на интерните капацитети,велат од Казнено-поправниот дом...

Најголема миграција има во Пелагонискиот регион – населението забрзано старее, државата забрзано се празни

Најголема внатрешна миграција има во Пелагонискиот регион! Миграцијата останува најсериозен и најзагрижувачки проблем во Македонија,велат статистичкитe податоци при Заводот за статистика при Р.Македонија. Намалувањето на населението се должи на иселувањето и на ниската стапка на наталитет. Според Заводот за статисика  внатрешните миграции во Македонија е најголема или е најчеста во...