Промовирани две дела од прилепските научници проф. д-р Мирослав Димитриески и проф. д-р Гордана Мицеска

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Две нови научни дела „Физиологија на развиток на растенијата со култура на ткива“ и „Сортата Прилеп 66 9 клучен фактор во развојот на македонското современо тутунопроизводство“ на двајца прилепски високо етаблирани научници проф. д-р Мирослав Димитриески и проф. д-р Гордана Мицеска вечерва беа промовирани во Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп. За досегашната научна мошне плодна активност на коавторите се осврна проф. д-р Биљана Консулоска Гвероска, а делата беа промовирани од рецензентите проф. д-р Јованка Тутеска и проф. д-р Трајко Мицески, настанот беше модериран од дипл. земј. инж. Филип Димкоски.

Проф. д-р Мирослав Димитриески и проф. д-р Гордана Мицеска целото свое научно искуство го развиваат и посветуваат во Научниот институт за тутун Прилеп во областа на физиологијата и генетиката на ориенталниот тутун кои ја создадоа и издигнаа сортата Прилеп 66 9 на светско ниво препознатлива за Прилеп, регионот и Македонија. Двета нови научни труда преточени во „Физиологија на развиток на растенијата со култура на ткива“ и „Сортата прилеп 66 9 клучен фактор во развојот на македонското современо тутунопроизводство“ се круна на нивното повеќедеценско творење.

Книгата „Физиологија на развиток на растенијата со култура на ткива“ е практикум корисна и дополнителна литература на учебниците, како квалитетно четиво за физиологија на растенијата.

Додека пак второто дело „Сортата Прилеп 66 9 клучен фактор во развојот на македонското современо тутунопроизводство“  претставува сублимат на значењето на конкретниот тип ориентален тутун кој што покрена револуција во квалитативните и квантитативните својства на ова индустриско растение во Македонија и надвор од земјава во регионите каде што се произведува.

Колкаво е економското значење од продукцијата на тип Прилеп 66 9 говори податокот што 3,8 од БДП отпаѓа токму на неговите квалитетни својства, пред се’ заради фактот што 98 % од вкупното производство на ориентален тутун во Македонија е токму овој тип – генериран и прилагоден од страна на двајцата ценети научници проф. д-р Мирослав Димитриески и проф. д-р Гордана Мицеска.

За авторите: 

Проф. д-р Гордана Мицеска е доктор по биолошки науки од областа на физиологијата на растенијата, со плодна научна кариера, а вработена во Научниот институт за тутун во Прилеп од 1985 година. Се пензионира како научен советник, редовен професор на Институтот, чија директорка беше од 2012 до 2020 година. Во досегашната работа како автор и коавтор има објавено и соопштено 137 научни трудови од областа на генетиката, селекцијата и физиологијата на тутнското растение, во различни меѓународни списанија, Практикум по генетика, селексција и семеконтрола, монографија по повод 35 години од формирањето на Друштвото за наука и уметност-Прилеп и др.

Проф. д-р Мирослав Димитриески е редовен професор во пензија. Вработен во Научниот институт за тутун во Прилеп од 1981 година. Во плодната наставно-научна кариера, Мицески бил раководител на Советот за втор циклус студии, член на Советот и Научниот совет, раководител и областен потписник на Институтот, член на Сенатот и Комисијата за наставно-научни прашања при УКЛО-Битола, член и претседател на организационите одбори на симпозиумите по тутун, членувал во неколку комисии при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а бил и претседател на комисијата за полагање на лиценци за проценители на тутун и претседател на здружението на производителите на тутун и произоди од тутун при Стопанската комора на Р. Македонија.  Од 2013 до 2020 бил заменик директор на Научнот институт за тутун во Прилеп. Димитриески заедно со други соработници автор е на 14 признати сорти на тутун, а прв автор е на 9 ориенталски сорти. Како автор и коавтор досега објавил и соопштил 146 научни труда од областа на генетиката, селекцијата и физиологијата на тутунот.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

РАДИО ПЕЛА ЗАКИТИ СО ПРИЗНАНИЈА 13 ВЕЛИЧЕСТВЕНИ ПРИЛЕПЧАНИ

Прилеп уште еднаш докажа и потврдие дака има што да понуди – вредни, креативни, посветени, иновативни, посебни, одговорни и храбри луѓе, за кои вреди да се пишува и да се дел од новинарскиот бележник за нивните дела да останат во архивата на прилепската историја. По 7ми пат, Радио Пела (Радио...

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...