Промоција на „Сите бои на виножитото“ – книга посветена на Киро Герасимов

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во Библиотеката „Искра“ во Кочани  попладнево ќе биде промовирана книгата „Сите бои на виножитото“ посветена на Киро Герасимов – новинар, публицист, хроничар кому во епицентарот на сето она што го работел му е Кочани, луѓето од градот, занаетите, театарот, Доклевец (маалото во кое живееше)…

Автори на оваа публикација се Славица Цветкова, роднокрајна писателка и внуката на Герасимов – Розета Д.Петрова.

Според Цветкова, во „Сите бои на виножитото“ е поместен животниот пат на Киро Герасимов, кој беше синоним за МРТ и новинарството во регионов, и неговото творештво, бидејќи тој има потпишано осумдесетина публикации.

Промоцијата е закажана за денеска во 17,30 часот. Издавач е Печатницата „Европа 92“, а рецензент м-р Љупка Стојменова. Улогата на модератор на настанот ќе ја има Верица Пауновска Дамеска.

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кривична пријава против кочанчанец за закани кон полициски службеник на социјални мрежи

Одделението за внатрешни работи Кочани, до Основно јавно обвинителство Кочани,поднесе кривична пријава против С.Р.(38) од Кочани  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144о д Кривичниот законик. На 06.04.2026 на свој профил на социјална мрежа, пријавениот објавувал постовисо заканувачка содржина кон полициски службеник во ОВР Кочани.

БОБО ДООЕЛ – Вработуваме дистрибутери…

БОБО ДООЕЛ Кочани, Регионален застапник за Источна Македонија за програмата на Бучен Козјак и Здравје Радово има потреба од  дистрибутери со Б возачка категорија . За подетални информации на телефон: 078213917