Промоција на новото дело на Венко Андоновски „Александар јава на запад“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во Градската библиотека „Борка Талески“ в петок, на 3 ти април од 18 часот ќе се одржи промоција на новото дело од Венко Андоновски, “Александар јава на запад”.Промоторка на настанот ќе биде Габриела Стојаноска-Станоеска, позната поетеса, раскажувачка и критичарка од Прилеп, добитничка на наградата „Македонска книжевна авангарда“ и на повеќе награди за краток расказ, меѓу кои и на конкурсот на „Нова Македонија“. Како книжевен рецензент, уредник и промотор, но и како страстен читател, таа ќе ни го доближи „Александар јава на запад“ обелоденувајќи ги сите симболи и значења што се кријат зад хуморот.

Ова дело на Андоновски влезе во најтесниот избор за наградата „Роман на годината“, а во меѓувреме доживеа и второ издание.
Најавувајќи го својот роман, Венко Андоновски рече: „Ќе се смеете до солзи, ама нема секогаш да знаете и дали додека ви течат солзи од смеа, сепак плачете над бедата на историјата, над денес понижените херои и над паднатиот човек.“ Со тоа, пред да се впуштите во читање, ве поканува во оваа фарса да влезете подготвени. А секако подготвени и за разговор со него!

Проф. д-р Венко Андоновски е романсиер, драмски писател, филмски сценарист, книжевен критичар, теоретичар на литературата и културата е македонски писател (романописец, раскажувач, драмски автор, поет, есеист, критичар и книжевен теоретичар. Тој е дописен член на МАНУ.

Творештвото на Андоновски е богато и се состои од поезија, раскази, романи, драми, есеи и книжевна критика. Тој е еден од најчитаните македонски писатели во 21 век: неговиот роман „Папокот на светот“ е продаден во повеќе од 12 000 примероци, а романот „Вештица“ го надминал тиражот од 7 000 примероци. Исто така, тој е еден од најпопуларните драмски писатели во Македонија. Неговите дела се преведени на десетина јазици.

Андоновски е добитник на многу меѓународни и национални награди и признанија.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ФОТО-ВИДЕО)Видевска до младите: тука е вашето гнездо – вие сте иднината и надежта на Прилеп

Со достојна почит кон делото на идеологот на македонската револуционерна борба, Ѓорче Петров, денеска вработените и учениците од СОУ „Ѓорче Петров“ го прославија патрониот празник – одбележување на 161 година од неговото раѓање. По тој повод беше положено свежо цвеќе на споменикот на Ѓорче Петров во центарот на Прилеп и...

Во Цепенков: изложба, концерт на Џамбазов и проекција на документарен филм за херојот Мирче Ацев

За трети и четврти април (петок и сабота) во Центарот за култура Марко Цепенков најавени се три настани, ликовна изложба, проекција на документарен филм и концерт на Игор Џамбазов и Гуру Харе Бенд:   На трети април 2026 г. /петок/ од 19.00 часот во Ликовната галерија од ЦК ,,Марко Цепенков,,ќе...

(ВИДЕО)Прилеп доби Центар за менаџирање со дебелината – прв во регионот

Во Прилеп се отвори Центар за менаџирање на дебелината сместен во здравствениот дом , во соработка со компанијата Ново Нордиск. Во рамките на овој центар пациентите ќе се дијагностицираат, ќе се прават лабораториски испитувања и анализи, ќе се одредува телесната дистрибуција на масното ткиво, а исто така ќе се врши...