Промени и предизвици во спорведувањето на инклузивното образование

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во петокот,  во Прилеп се одржа јавна дебата на тема „Промени и предизвици во спорведувањето на инклузивното образование“ како дел од проектот Инклузија на деца со посебни образовни потреби спроведена од здружението „Отворете ги прозорците“, а со поддршка на Детската фондација „Песталоци’

Пред претставниците од локалните самоуправи, проектните училишта, основните училишта и центрите за поддршка на учењето како и пред родителите од Прилеп, Велес и Битола, на почетокот зборуваше градоначалникот на Општина Прилеп, д-р Борче Јовчески истакнувајќи ги заложбите што Општина Прилеп ги презема во таа насока.

Потоа присутните дискутираа за придобивките од спорведувањето на овој проект, но и за предизвиците со кои се соочуваат како и мерките кои треба да се преземат во иднина.

Во рамки на дебатата беа доделени и награди за најдобро спроведените инклузивни практики во минатиот период.

Наградата за локална самоуправа со најдобри инклузивни практики ја доби Битола, најдобро училиште е „Васил Главинов“ од Велес, најдобар наставник Јулијана Талеска од ООУ „Климент Охридски“ од Прилеп,  а најуспешно одделение е второ А, со наставничката Емилија Николовска Спировски од ООУ „Еплида Караманди“ од Битола.

Наградената наставничка Јулијана Талеска вели дека присуството на оваа дебата и наградата за неа се охрабрувачки фактор, додавајќи дека потребни се промени во однос на ова прашање и дека третирањето на оваа тема заслужува уште посериозен пристап.

Потребна е стратегија која ќе има еден модел заснован на слобода. На наставниците, на центрите за поддршка, ресурсните центри, асистентите, им треба слобода. Секое дете е индивидуа со различни потреби кои изискуваат посебен пристап. Еден модел не може да функционира на сите-појаснува Талеска.

Таа зборуваше и за предизвиците со кои се соочува денешниот наставник, но и мотивот кој треба да го има нагалсувајќи дека просветната дејност не е само професија, туку е и мисија.

Предизвиците се големи, и како што сè е тргнато кон пропаст лесно е и логично човек да се откаже.-Но наставничката професија е полна противречности. Таа е благородна професија која те обврзува да бидеш тука и да помагаш, да расниш, да градиш, да поучуваш. Ние најдобро можеме да упропастиме едно општество или да го изградиме и измениме. Нашето влијание е големо и затоа треба да се трудиме да сензибилизираме, да наоѓаме начин да помагаме и да љубиме, да создаваме средина во која дечињата со посебни потреби ќе се чувствуваат сигурно и сакано!-заклучува Јулијана Талеска.
 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Наместо победа, натпревар без голови во Прилеп

Денешниот меч на градскиот стадион Гоце Делчев во Прилеп меѓу Победа и Осогово  во рамките на 27 то коло од ВМФЛ започна со оддавање почит со едноминутно молчење кон прерано починатиот Николче Здравески, легендарниот фудбалер и тренер од Прилеп. Негова фотографија беше истакната на големата трибина, а целата публика неколкупати...

Во судир со мопеди почина 13 годишник од Лажани

Во Полициската станица Прилеп вчера, на 02.05.2025 година во 08.50 часот било пријавено дека во село Лажани, прилепско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу два мопеди, едниот марка  „Бенели“ а другиот марка „Пежо“, и двата мопеди без регистарски таблици, а управувани од 13 годишен и од 14 годишен малолетник, инаку и двајцата од село...

Еко акција на компанијата ТИЛА и учениците V a одделение при ООУ „Кочо Рацин“

Прилепската компанија ТИЛА заедно со учениците од V a одделение на ООУ  „Кочо Рацин“ Прилеп, предводени од наставничката Анета Станкоска, успешно реализираа Еко-акција „За почиста средина“ во паркот над езерото. Во рамките на акцијата, учениците ентузијастички и посветено го чистеа отпадот оставен по излетничкото прославување на 1 Мај, исполнувајќи 40 вреќи со ѓубре...