Промена на режимот на сообраќај во централното градско подрачје на Кочани согласно сообраќајна документација

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Наскоро ќе се промени режимот на сообраќај на двете главни улици во централното градско подрачје во Кочани, согласно изработена сообраќајна документација.

Сообраќајот на потегот од кружниот тек кај Полициската станица во Кочани, со дел од ул. „Тодосија Паунов“ и ул. „Кеј на Револуцијата“ ќе се одвива еднонасочно, во правец југ-север до мостот кај Градскиот плоштад.

Еднонасочна ќе биде ул. „Маршал Тито“, на потегот од мостот кај Градскиот плоштад кон кружниот тек кај Двојниот мост на ул. „Никола Карев“.

Промената на режимот на овие улици е резултат на констатираните проблеми на стационарниот сообраќај односно недостатокот на места за паркирање на возила во централно градско подрачје.

Предлог-сообраќајниот режим беше разгледуван и надополнуван на неколку јавни расправи со претставници на локални институции и претпријатија, транспортни и такси-компании, стручни лица, граѓански организации, претставници од ПО за БПС Кочани и ОСБСП, ТППЕ и ДПД, Итната медицинска помош,  урбани и месни заедници, советници, поединци и групи граѓани.

Избран економски оператор изготви и достави основен сообраќаен проект и стручна ревизија, по што СВР – Штип даде согласност, а Општина Кочани издаде решение за утврдување на режим на сообраќај за динамичен и стационарен сообраќај во централно градско подрачје во Кочани.

Општина Кочани и Подрачното одделение за безбедност во сообраќајот на патиштата – Кочани заеднички работеа на решенијата за надминување на актуелните проблеми во сообраќајот во централното градско подрачје, а промената ќе се реализира наскоро во координација со ПО за БПС Кочани.

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ИТНО И ПОВОЛНО СЕ ПРОДАВААТ МАШИНИ СОЧУВАНИ И ФУНКЦИОНАЛНИ…

Се продаваат индустриски машини за шиење: Ибердек и опшиварки. Машините се добро сочувани и функционални. Цена по договор! Информации на:   077/ 624 – 181

Конституира новиот Совет на Чешиново-Облешево – Димишков на чело

Советот на Општина Чешиново-Облешево денеска ја одржа својата прва конститутивна седница во новиот мандат. Седницата започна со верификација на мандатите на сите 11 избрани советници, со што и формално беше потврден нивниот легитимитет за извршување на советничката функција. По утврдувањето на мандатите, советниците свечено се заколнаа дека одговорно и совесно ќе ги исполнуваат своите обврски

Општина Кочани доби грант од 50.000 американски долари за изработка на техничка документација за реконструкција на собирниот резервоар и на главниот доводен цевковод за...

По спроведената постапка за евалуација на барањата за финансирање на техничка документација за инфраструктурни проекти од областа на животната средина како дел од Третиот повик во рамките на Фондот за техничка документација, Општина Кочани доби известување дека е меѓу четирите добитници на грант до 50.000 американски долари. Одобрениот проект на Општина Кочани се однесува на изработка