Со доаѓањето на пролетната рамноденица, на 20 март, и календарски започнува најшареното годишно време – пролетта.
Овој ден е посебен затоа што денот и ноќта се речиси еднакви по должина, а од наредниот ден сонцето сè подолго ќе се задржува на хоризонтот.
Тоа значи повеќе светлина, повисоки температури и постепено будење на природата.
Пролетта носи нова енергија, свежина и оптимизам – период кога сè околу нас почнува повторно да цвета.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









