Пројковски за мотивацита за „Црнила“: Македонец уби Македонец за Македонија, лекција која тешко ја учиме !

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Театарот „Војдан Чернодрински“ премиерно, во НУЦК „Марко Цепенков“ на т.н „Сцена 105“ ќе ја прикаже претставата „Црнила“ од Коле Чашуле, во режија на Дејан Пројковски. Претставата ќе се игра камерно, местата се лимитирани, но прилепчани ќе имаат можност да ја погледнат неколку пати до крајот на оваа година, а планирано е нејзино гостување во Велес .

На прес конференцијата, режисерот Дејан Пројковски за претставата „Црнила“ посочи дека таа  го истражува моралниот пад на човекот, братоубиството и предавството во македонскиот ген и преку претставата неговиот стремеж е подигнување на свеста за апсурдот и длабоката осуда на човечкиот пад и предавството на сопствениот народ.

„Македонец уби Македонец за Македонија, лекција која тешко ја учиме„, – рече тој зборувајќи за мотивот за режирање на претставата „Црнила“. “Црнила“ е еден од текстовите кои што го имаме  како време каде секоја театрска генерација заедно со публиката всушност се преиспитуваме на истите теми. Што сме направили?  Што треба да направиме или што сме научиле за некои работи за да не се повторуваат, да не се случуваат.Црнила е претстава каде што се убидуваме да се занимаваме малку со колективот и во колективното да го побараме индивидуалецот. Малку е,  би рекол Хамлетовска темата всушност, индивидуата наспроти системот кој што е  секогаш дел, прво, од нашите морални, од друга страна  и обштествени норми“ .

„Важно е да се зборува за работите кои што некогаш ги знаеме сите, но ги премолчуваме. Така што мислам дека ова што започна, со тоа зашто Балканот долги години беше и е една  голема чекална, како една голема железничка станица кој што секој чека да замине некаде …за тоа зборува претставата „Зашто еден голем број на  млади луѓе среќата ја барат на други места во други земји?“ . Или што е оно што сите треба да направиме – да се трудиме секој ден на оваа земја да биде подобро  место за живеење, подобро место за живеење на нашите деца и така натаму. И, се обидовме да направиме представата без завземање на став.„ рече Пројковски.

“И во целото тоа, да го пронајдеме индивидуалецот, за да почнеме да зборуваме за личната среќа и за љубовта како дефиниција, бидејќи кога ќе кажеме татковина, кога ќе кажеме љубов, кога ќе кажеме среќа, се запрашувам многу често дали си даваме одговор што значат зборовите, што ги изговараме или просто, само ги изговараме?! Дали ја пронајдеме суштината?Така што од таму некаде ми беше појдобната точка за претставата и мислам дека и во животот, едноставно треба да престанеме да го чекаме да дојде Годо, зашто тој нема никогаш да се појави и многу е важно да се обидуваме, да ги правиме секојдневните работи  да бидат сончени денови.“ – рече режисерот Пројквоски, кому оваа му е прва соработка со прилепскиот театарски ансамбл.

 

Во претставата играат Александар Степанулески, Димигар Ѓорѓиевски, Илија Волчески, Александар Тодески, Бобан Алексоски, Катерина Чакмакоска-Клинческа, Сара Спиркоска и Михајло Миленкоски. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимограф е Марија Пупучевска, музиката е на Горан Трајковски.

Претставата е дел од годишната програма за 2025 година, поддржана од Министерството за култура и туризам.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

НТ “Војдан Чернодрински“ слави 76 години постоење со богата театарска програма

Прилепскиот, народен театар „Војдан Чернодрински“,  Прилеп одбелжува 76 години од своето основање и за својот роденден му понуди на љубителите на театарот богата четиридневна театрска програма, која започнува од 16 до 19 февруари . ќе ја одбележи 76-годишнината од своето.  Театарска престави ќе се играа во ЦК Марко Цепенков,  на...

РОМАН слави успешни 3 години редовна автобуска линија за удобен превоз за секој патник.

Прилеп – Велес – Скопје и Скопје – Велес – Прилеп, РОМАН слави три години редовна автобуска линија на овие релации. Редовно сообраќаат од понеделник до недела, а линијата од 6, 30 и 9,30 часот оди и до државна болница – Скопје, што им овозможува на патниците-пациенти безбедно, точно, навремено и без барање на друг превоз, да...

Испиша историја! Злато за прилепчанецот Белостојаноски на ЕП во карате

Матеј Белистојаноски е европски првак во карате. Прилепскиот каратист, Матеј Белистојаноски ја освои титулата европски шампион на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 што се одржува во Лимасол, Кипар. Во финалето Белистојаноски беше подобар од грчкиот натпреварувач Георгиос Балиотис, кого го совлада со резултат 2-0. Со сигурен и убедлив...