Производите на Витаминка на престижниот China-CEEC Expo 2025 во Кина

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Витаминка годинава е дел од 4. издание на China-CEEC Expo & International Consumer Goods Fair (Меѓународен саем за потрошувачки производи), кој се одржува од 22 до 25 мај 2025 година во Нингбо, Кина. Настанот, кој претставува единствен национален институционален саем во Кина посветен на соработката со земјите од Централна и Источна Европа (ЦИЕ), на едно место собира стотици компании, со цел унапредување на трговијата и економската соработка со кинескиот пазар.

„Учеството на Витаминка на China-CEEC Expo е значаен чекор за отворање кон нови пазари и интернационализација на нашите брендови,“ изјави Рибар по пристигнувањето. „Настанот ќе ни овозможи директна промоција на нашите производи пред глобална публика и остварување контакти што може да резултираат со нови извозни договори. Кина е огромен пазар, а Витаминка има што да понуди – квалитет, традиција и прилагодливост“, изјави претставник од Витаминка, Игор Рибар, подрачен шеф во извоз.

China-CEEC Expo 2025 се одржува под мотото „Нови визии за иднината“. Големиот настан ќе вклучува церемонија на отворање, сесии за поврзување на бизниси, активности за промоција на инвестиции, културна размена и трговска изложба која ќе се простира на 80 илјади квадратни метри.

Присуството на Витаминка на ваков престижен саем ја потврдува посветеноста на компанијата кон проширување на своето меѓународно присуство, а истовремено претставува и вреден придонес за промоцијата на македонската храна и прехранбена индустрија во светски рамки.

Саемот China-CEEC Expo & International Consumer Goods Fair потекнува од иницијативата од 2013 година во Букурешт, кога беше предложено организирање на изложба на потрошувачки производи од ЦИЕ во Кина. Првиот саем се одржа во јуни 2014 година во Нингбо, а во 2019 година доби статус на национален институционален саем, со официјално име China-CEEC Expo & International Consumer Goods Fair.

 

Од 2019 до 2023 година, на саемот учество зеле повеќе од 3 000 компании од ЦИЕ, со над 10 000 различни производи

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кривични пријави за недозволено поседување оружје и пиротехника

-ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против 51-годишната Д.Г. од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 15.04.2025, полициски службеници извршиле претрес во викенд куќа во прилепско, која ја користела пријавената, при што биле пронајдени и одземени...

Јавен повик на Општина Прилеп за членови на Локалното собрание на млади

Општина Прилеп објави јавен повик за предлагање на кандидати за членови на Локалното собрание на млади, со цел активно вклучување на младите во локалните политики и донесување одлуки што го засегаат животот на младинската популација. Повикот е распишан врз основа на одредби од Статутот на Општина Прилеп и Законот за младинско...

РАДИО ПЕЛА ЗАКИТИ СО ПРИЗНАНИЈА 13 ВЕЛИЧЕСТВЕНИ ПРИЛЕПЧАНИ

Прилеп уште еднаш докажа и потврдие дака има што да понуди – вредни, креативни, посветени, иновативни, посебни, одговорни и храбри луѓе, за кои вреди да се пишува и да се дел од новинарскиот бележник за нивните дела да останат во архивата на прилепската историја. По 7ми пат, Радио Пела (Радио...