Прогресив Академија за претприемништво и менаџмент започнува со упис на четвртата генерација за 2024/2025

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Со големо задоволство го најавуваме продолжувањето на Академијата за Претприемништво и Менаџмент, дел од Фондацијата Прогресив, Виница. Поддржани од МАКПРОГРЕС, ЕБОР Лондон и Владата на Јапонија, Академијата во моментов го врши уписот за четвртата генерација учесници. Академијата ги повикува претприемачите и менаџерите да аплицираат до 29-ти октомври со цел да бидат дел од првата сертифицирана програма за претприемништво и менаџмент која нуди висококвалитетна едукација и врвни предавачи со практично искуство. Програмата трае 6 месеци и ќе одржува во новиот тренинг и иновативен центар Винчини во Виница.

Академијата е отворена за сопственици на компании, наследници на семејни фирми, менаџери од мали до големи компании, технички лица на менаџерски позиции, поединци кои сакаат да ги надоградат своите знаења, како и стартап фирми и млади талентирани луѓе. Учесниците ќе имаат многу можности за вмрежување со другите, што ќе овозможи проширување на мрежата на контакти и зголемување на човечкиот капитал, што е еден од најбитните алки во бизнис процесите. Академијата која започна со работа во 2021 година, веќе брои повеќе од 40 кандидати кои ја комплетираа програмата и се стекнаа со јавна исправа издадена од МОН.

Непрекинатото надградување на вештини е клучно за одржување на конкурентноста на компаниите. Секое ново знаење претставува можност за развој и создавање вредност,“ истакна Александра Кирилова, Директор на Фондација Прогресив.

Академијата нуди програма која комбинира технички и лидерски вештини, со фокус на актуелни теми како што се бизнис стратегија, оперативен менаџмент, управување со семејни компании, дигитализација и вештачка интелигенција. Темите за меки вештини, како што се емоционална интелигенција, ефективна комуникација, менторство и коачинг, се исто така интегрирани за да им помогнат на учесниците да станат подобри лидери,“ додаде Кирилова.

Уписот е отворен за сите заинтересирани. Ги покануваме да се информираат за програмата на нашиот веб-сајт и да не контактираат за дополнителни информации. Повеќе детали во однос на наставната програма и уписот на кандидати има на следниот ЛИНК.

 

Лице за контакт: Камелија Бојаџиски
Телефон: 076/345-632
Е-пошта: kamelija@progressive.org.mk

Текстот %%POSTLINK%% е превземен од %%BLOGLINK%%. 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

СВЕЧЕНА ЛИТИЈА И ОСВЕТУВАЊЕ НА СЛАВСКИОТ КОЛАЧ ВО ПАРКОТ ВО КОЧАНИ ПО ПОВОД ПЕТРОВДЕН – ПРАЗНИКОТ НА ГРАДОТ

Кочанскиот храм „Св. великомаченик Георгиј“ го одбележува патрониот празник и заштитник на градот – Свети Петар. Најпрвин во храмот се одржа празнична вечерна богоспужба на која чиноначалствуваше Mитрополитот Брегалнички г. Иларион. Потоа литијата од црквата се упати кон Паркот на Револуцијата, каде пред мозаикот на апостолите Петар и Павле беше организирано осветување и кршење на

„Амфенол Технолоџи Македонија“ исплати регрес за годишен одмор на своите вработени

Денес на сметките на вработените во ,,Амфенол Технолоџи Македонија” ќе биде исплатен регресот за годишен одмор. Во текот на денот е реализирана исплатата на K15. Секоја година во овој период пред празникот Петровден најголемата компанија во регионот со над 3100 вработени ги исплатува средствата кои секогаш се добредојдени. Регрес за годишен одмор ќе добијат сите

В. д. градоначалникот Венко Крстевски ги додели наградите на најуспешните ученици и школски екипи

По повод Петровден, празникот на Кочани, в. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски ги награди првенците на генерацијата и најуспешните екипи и ученици од основните и средните општински училишта од Кочани. Првенците на генерацијата: Надалина Грозданова (СОУ „Љупчо Сантов“), Драган Хаџи Василев (СОУ „Гошо Викентиев“), Матеа Глигорова (ОУ „Св. Кирил и Методиј“), Ели Глигоровска (ОУ „Никола