Прогресив Академија на Макпрогрес – Вие сте иднината на македонскиот бизнис, им порача Цветанов на „прогресивците“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Вие сте доказ дека македонскиот бизнис има иднина! На ваков начин им се обрати генералниот менаџер на Макпрогрес Груп од Виница, Глигор Цветанов, на дипломците од четвртата генерација на Академијата за претприемништво и менаџмент на Прогресив Академијата, денеска, при врачувањето на сертификатите, со што заврши уште еден циклус на образование и практична подгтовка на младите претприемачи и менаџери.

Тие, со ова, според Цветанов, излегуваат подготвени да одговорат на современите предизвици.

Истовремено, на свеченоста, денеска во Прогресив Академијата, беше означен стартот на новата петта генерација на претприемачи и менаџери со што се отвора ново поглавје во создавањето идни лидери и визионери во бизнисот, смета тој.

Генералниот менаџер на Макпрогрес Груп од Виница, Глигор Цветанов, зборувајќи пред завршените студенти на четвртата и пред новите, од петтата генерација што сега ја започнуваат едукација,  истакна дека  за него Академијата за претприемништво и менаџмент има посебна вредност,  појаснувајќи дека и самиот минал низ многу обуки за менаџери, кои го подготвиле за мигови, кога животот и бизнисот ќе ве стават на испит, потсетувајќи на пожарот во фабриката од пред дваесетина дена, во кој изгоре еден производен погон и три магацини.

Оваа криза беше суров доказ дека секој бизнис носи ризици. Но, во исто време беше и моја најголема лекција – дека токму принципите на Прогресив Академијата се тие што прават разлика: брзината на одлука, решителноста, истрајноста и лидерството. Верувам дека и сите вие, кои денес излегувате како дипломирани прогресивци, сте подготвени да бидете токму такви лидери – кои нема да се скршат во криза, туку ќе израснат уште посилни, нагласи генералниот менаџер н Макпрогрес Груп, Глигор Цветанов.

Обраќање на свеченост имаше и Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија. Азески, во улога на претседател на Одборот на директори на Прогресив Академијата потенцираше дека оваа институција претставува столб на современото менаџерско и претприемничко образование во државата.

Преку вакви иницијативи создаваме генерации на нови лидери кои ќе бидат двигател на развојот, иновациите и конкурентноста на македонската економија, нагласи претседателот на Стопанската комора, кој е еден од основачите на Прогресив Академијата.

ВоПосетителите на петтата генерација на Академијата за претриемништво и менаџмент денеска ја започнаа едукацијата и обуката која ќе се одвива во наредните шест месеци. Во програмата ќе бидат опфатени : деловна стратегија и бизнис процеси, организациска трансформација, корпоративна иновација, маркетинг и продажба, финансии за топ менаџмент и лидерство и деловни комуникации.

 

 

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Паулина на својот универзитет во Англија собра 1000 фунти за болницата во Кочани

 Паулина Маказлиева успеа да ја оствари целта и да ги собере предвидените 1000 фунти за болницата во Кочани, со тоа што организираше и добротворен базар за продажба на македонски колачи на нејзиниот универзитет. Мисијата е исполнета. 1. Каде беше организиран настанот? -Настанот се одржа на Правниот универзитет во Вустер – каде што студирам. Беше поставен

Сомнежи за селективна инспекциска контрола во угостителски објекти во Кочани?

Информации што пристигнаа до редакцијата на Радио Кочани од наш сограѓанин укажуваат на наводна нелогичност при синоќешната мешана инспекциска контрола во дел од угостителските објекти во градот. Според сведочењето, инспекторите најпрво се упатиле кон локал каде што се одржувала забава на која, како што се тврди, присуствувале и малолетни лица. Меѓутоа, наместо да влезат и

Мицковски – Има доволно нафта и нафтени деривати, граѓаните да бидат спокојни

-Имавме состанок со поголемите дистрибутери на нафта и нафтени деривати. Заедникки беше заклучокот дека има доволно нафта и нафтени деривати. Граѓаните треба да бидат спокојни, кај нас цената е драматично пониска од онаа во соседството. Ако литар во Србија е 120 денари, кај нас е 70, исто е ако споредиме и со Косово, Албанија. Уште