Продолжува врнежливото време

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, денес попладне, утре, вторник и во среда ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи.

Процесите ќе бидат поинтензивни кон крајот на денот, кога наместа ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните и јужните делови.

Во среда ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови.Утринската температура ќе биде во опаѓање. Ќе дува северен ветер, кој во четврток ќе биде засилен, повремено силен.

Од четврток до крајот на викендот времето ќе биде стабилно и претежно сончево.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Учениците од „Р.Р Ричко“ – Прилеп ќе ја претставуваат Македонија на Европскиот футсал натпревар за ученици до 18 години

Државниот првак во футсал, екипата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко” од Прилеп,  ќе ја преставуваат Македонија на Европско првенство за футсал на средни училишта во Бања Лука. Екипата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко” од Прилеп, веќе пристигна во Бања Лука, каде од денеска,(11 – ти мај)  па сè...

Дизелот поевтинува за 4 денари, а бензинот 98 ка, за половина денар

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цената на дизелот се намалува за четири денари, а за половина денар поевтино ќе се продава бензинот БС-98 Моторен бензин          ЕУРОСУПЕР БС – 95                     85,00  (денари/литар) Моторен бензин          ЕУРОСУПЕР БС – 98                     86,50  (денари/литар) Дизел гориво               ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)          ...

(ВИДЕО) Штетата е двојна-резултат нема, повторно се чистат дивите депонии во општина Прилеп

Екипите на Јавното комунално претпријатие Комуналец , спроведоа активности за чистење на диви депонии низ градот со цел да се подобри хигиената и да се заштити животната  средина.„Денеска екипите чистеа на потегот од градот кон вештачкото езеро, а оваа локација во изминатиот период е чистена повеќе пати “, вели директорот...