Продолжува традиционалната ликовна колонија „Св. Пантелејмон“

Општина Кочани ја продолжува традиционалната ликовна колонија „Св. Пантелејмон“, 10-та по ред, која оваа година ќе се одржи на „Пониква“ на Осоговските Планини.
Во колонијата ќе бидат вклучени 10 ученици на возраст од 15 до 18 години од Кочани, Штип и Скопје.
Ликовната колонија започнува утре на 6 септември и ќе трае до 9 септември 2024 година. Младите уметници ќе цртаат по два мотива од кои еден од поднебјето на Кочани, еден по слободен избор.
Ликовната колонија ќе се одвива под менторство на м-р Александра Димитрова, академски сликар од Кочани.
Изложба на делата од Ликовната колонија ќе се одржи во рамки на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ 2024 година.
Ликовната колонија „Св. Пантелејмон“ е поддржана од Програмата за култура на Општина Кочани за 2024 година.
Извор:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

УБИСТВО ВО КОЧАНИ: Пиеле со соседот, па го усмртиле со тврди предмети – Уапсени две лица

Ѓ.Б. вчера во 07:43 часот пријавил во ОВР Кочани дека во дом во Кочани го пронашол мртов неговиот сосед Д.А. (54) од Кочани. Од страна...

Делегации положија свежо цвеќе по повод 7 Септември, Денот на ослободувањето на Кочани и 8 Септември, Денот на независноста на Македонија

По повод 7 Септември, Денот на ослободувањето на Кочани и 8 Септември, Денот на независноста на Македонија, делегација составена од градоначалникот на Општина Кочани...

Започна учебната година и за првачињата во ОМУ „Ристо Јуруков“ Кочани

Денеска започна учебната година и за првачињата од ОМУ „Ристо Јуруков“ Кочани. По тој повод, училиштето организираше свечен прием каде присуствуваа првачињата, родителите, наставниците и...