Продолжува поставувањето на сообраќајната сигнализација во централното градско подрачје на Кочани
Во понеделник, 22.12.2025 година, продолжува поставувањето на сообраќајната сигнализација на улиците „Кеј на Револуцијата“ и „Маршал Тито“, на потегот од мостот кај Шопингот до мостот кај Плоштадот.
Бележењето на хоризонталната сигнализација ќе се реализира со поддршка на полициски службеници од Одделението за безбедност во сообраќајот на патиштата – Кочани и Општина Кочани.
За целосно и безбедно бележење во интерес на исполнување на сообраќајните правила и прописи, замолуваме во понеделник да не се паркираат возила на овој потег.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









