И денеска, 14 јануари, продолжи традицијата на палење василичарски оган кај манастирот „Св. Димитриј“, што се наоѓа во населбата Трајново трло.
Настанот собра голем број жители од населбата, како и посетители од повеќе делови на градот, кои дојдоа заеднички да го одбележат празникот Василица.
Во дворот на манастирот беше запален василичарскиот оган, околу кој присутните се собраа и се загреаја, разменувајќи честитки и желби за здравје, среќа и бериќет во новата година.
За посетителите беше подготвена богата трпеза, се служеше греана ракија, а беше поделено и василичарско лебче со паричка.
Настанот помина во пријатна и топла атмосфера, исполнета со дружење и заедништво.
Организаторите истакнаа дека целта на ваквите собири е негување на обичаите поврзани со Василица и нивно пренесување на помладите генерации.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









