Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во присуство на Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, прилепските пратеници, советниците на Советот на Општина Прилеп, раководителите на јавни претпријатија, претставници од бизнис секторот, пред присутните граѓани се осврна на првите 100 дена од неговиот мандат, истакнувајќи дека овој периодот бил исполнет со предизвици, но и со конкретни резултати преку што се потврдува посветеност на локалната власт кон подобрување на секојдневието на жителите на Прилеп.
Тој ја истакна дека за почеток, транспарентно, креирајќи го Буџетот со граѓани, донесен е поголем Буџет и со тоа се зголемуваат и средствата за поддршка на културата и спортот, за спортските клубови, спортските таленти,за реконструкција на спортски игралишта. Во Буџетот за 2026 година значително се зголемуваа и финансирањето за училиштата, социјалната, детската заштита, заштитата на старите лица, противпожарната заштита.
Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски на презентацијата нагласи дека веќе во првите сто дена се поставени темелите за развојна трансформација на Прилеп.
“Направивме комплетна реконструкција на тротоарот по должината на улицата „Кеј 1-ви Мај“, до железничкиот мост на кејската улица, во тек се интензивни градежни активности околу изградбата на новиот кружен тек кај мостот „Табана“, на вкрстувањето на улиците „Кеј 1 Мај“, „Кеј 9 Септември“ и „11 Октомври“, еден од најкрупните инфраструктурни објекти кој 138 милиони денари, финансиран преку првиот јавен повик на Владата и дел кофинасирање и претставува еден од најголемите проекти што ги има Општина Прилеп, за само еден месец, во рекордно краток рок, го реконструиравме спортско катче во населбата Точила во модерно функционално игралишта за фудбал, кошарка и одбојка, Интензивно се работи и на улицата „Победа“. Во тек е втората фаза од таа улица, постапка за избор на изведувач за изградба на нов мост на градската река, кој ќе ги поврзе двете фази од оваа улица.“ потенцира Проданоски.
Грижата за зелен и чист град беа дел од активностите кои градоначалникот ги потенцира во неговиот осврт за 100 дена локална власт посочувајќи ја регионалната депонија со која Прилеп активно се вклучува во современиот регионален систем за управување со отпад, за почиста и поздрава животна средина и за решавање на проблемот со незаконските односно дивите депонии, еко акцијата во која беа исчистени над 20 локации со активно вклучување на граѓаните на Прилеп.
„Со механизација го исчистивме и големото речно корито на Градската река.Една недела се работеше и на потегот покрај улицата „Кеј 1-ви Мај“, во населбите Чачорица и Бончејца, сè до железничкиот мост на кејската улица, по што следеше и втората фаза, кон мостот на улицата „Трајко Николоски“, каде се извадени повеќе од 300 кубни метри насип,“ рече тој нагласувајќи дека Прилеп максимално се вложува за модерно и ефикасно управување со отпадот и за зелен и лист град .
Проданоски посочи дека Прилеп продолжува да вложува во културата и да се грижи Прилеп да има културно-забавниот живот, посочувајќи го организирањето на новогодишната и божиќната програма, која, како што рече тој, „немало поубава програма во последните две децении“ формирањето на музичката соба,како простор за вежбање на младите музички групи, возобновување на дувачкиот оркестар, после една деценија, подготовките за карневалот „Прочак“,одбележувањето на патрониот празник и враќањето на традицијата., поддршка за Божиќниот ручек за 500 деца од Македонија …
Тој ги нагласи и поголемите проекти кои се реализирани во овие 100 дена во подобрување на образовната инфраструктура, во подобрување на социјалната заштита на учениците, вложувањето во инклузивна заедница
„Работевме и во подобрување и почитување на различностите, Прилеп доби сертификат и е прогласена за најинклузивна општина во Македонија. Горд сум на ова признание зашто значи дека сме направиле чекори напред во подобрување на околностите во кои живеат лицата со попреченост, особено со децата кои имаат посебни образовни потреби. Тука сме најактивни. Како општина направивме исчекор за ангажирање образовни асистенти и во средното образование и пред законските обврски. Во Прилеп работат 52 образовни асистенти, од кои 44 се во основното образовани, а 8 се во средното, но се покриваат потребите, од овој кадар, иако не е на одмет да се ангажираат уште образовни асистенти. Капацитетите се полни и секогаш има можност за нивно проширување.„ рече тој пред присутните.
Тој нагласи дека довербата се гради со резултати и дека работат одговорно, чесно и транспарентно, со јасна визија за модерен, зелен и економски развиен Прилеп. Градот ќе се фокусира на уредена инфраструктура, чиста средина, поддршка за младите и за секое семејство.
„
Ова се само првите чекори. Пред нас се години на работа, инвестиции и нови успеси. Верувам дека заедно, со доверба и заедничка енергија, ќе изградиме иднина каква што заслужуваат сегашните и идните генерации“
, додаде Проданоски, повикувајќи ги граѓаните на продолжување на заедничката посветена работа за Прилеп.









