Проданоски: Сакам да имаме Општина што решава проблеми, отвора можности и држи до својот збор

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во центарот на градот, пред прилепчани вечерва се промовираше кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник, Дејан Проданоски, како и советничката листа на оваа партија предводена од д-р Билјана Кржеска.

Проданоски пред прилепчани најави дека заедно со истакнатите, избрани прилепчани кои ја  сочинуваат советничката листа,  ќе работи на поголем развој на Прилеп со проекти кои целосно ќе бидат реализирани .

„Верувам дека со еден ваков тим каков што го имам во советничката листа и со мене како кандидат за градоначалник и иден градоначалник на општина Прилеп, ќе покажеме навистина дека Прилеп на почетокот кога ја градеше оваа држава ги даде најголемите херои и ги даде најуспешните луѓе кои тргнаа напред, ја формираа оваа држава и сега, во втората и третата деценија на 21 век луѓе кои имаат храброст, одлучност и голема обврска кон сопствените сограѓани да одат понатаму, да го развиваат овој град и да го направат навистина она што е, што треба да биде, европски град на култура, град на среќни граѓани, град кој што опкружува среќни и успешни луѓе.Во соработка со оваа проактивна влада која одвои средства за инфраструктурата и за комплетен развој на локалните самоуправи, Прилеп во иднина ќе има нов, сосема поразличен лик од оној што го има сега“ изјави Проданоски.“

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: