Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, во гостување во емисијата „Програма на градови“ на Македонска телевизија истакна дека општината прави огромни напори за „ослободувањето на стопанството во градење“.
„Во тоа стапка сме на промени на постоечкиот генерален урбанистички план, кој што би ги ослободил и стопанствениците, и граѓаните да дојдат полесно и побрзо до градежни дозволи и Прилеп навистина да стане едно градилиште, во позитивна смисла на зборот, и дополнително да се разубавува. Сега имаме повеќе инфраструктурни активности коишто во моментов се во фаза на градбата, со што Прилеп, на некој начин почнува да влегува во период на нова ренесанса, односно враќање на сјајот, кој што отсекогаш сме го имале, но во последните години, поради сплет на околности, некако потфрливме во делот на градежништвото.“ рече Проданоски.
Во моментов во Општина Прилеп се извршуваат градежни активности на повеќе локации во градот.
„Искористивме сериозна сума на средства за општински проекти од владините средства. Најчесто се искористени за инфраструктурни проекти. Ќе се поправа водоснабтителниот систем на Прилеп, инфраструктурата, улиците… А, моментно го имаме најголемиот капитален проект, изградба на кружен тек над градската река во Прилеп, кај мостот Табана. Таму се одвиваат сериозни градежни активности, а повеќе од 130 милиони денари се инвестирани во него. Понатаму во фаза на тендерски постапки сме за уште еден мост на ул. „Победа, мостот, кој ќе ги поврзе двете фази од оваа улица. Мостови се градат еднаш можеби на 100 години, а Прилеп ја има таа среќа да во неколку години изградиме повеќе мостови.“ посочи Проданоски
Со реализацијата на овие два проекти, предвидено е североисточниот дел од градот да биде поврзан со три нови сообраќајници, со што се очекува сериозно намалување на метежот кон центарот и населбите од овој дел од градот. Моментно, се грди и во централното градско подрачје каде се врши реконструкција на дел од плоштадот „Методија Андонов Ченто“. Тоа предизвика реакција кај сопствениците на деловен простор кои имаат проблем со пристапноста до нивните дуќани.
“Мораше да го реконстуираме плоштадот и да се одвиваат градежните активности во овј период и покрај реакциите на сопствениците на деловни простор чија работа е отежната поради пристапот до нивните деловни објекти, и, знам дека влиаје врз секојдневното нивно работење и врз нивниот бизнис. Но, ќе настојуваме работите да се интензивираат. Сега започнеме со реконструкција и за неколку месеци би се заокружил делот од 2100 квадратни метри од плоштадот „Методија Андонов Ченто“, кој што треба да претставува една урбана современа целина, која би била една од најубавите плоштадски решенија во Македонија.“ рече Проданоски.
Наспоредно ова, Општината, носејќи го Буџетот, предвиде 40 милиони денари за реконструкција и одржување на улиците низ градот, со што е планирано во оваа 2026 година да бидат реконструирни 20 км. патна инфраструктура во Општина Прилеп.









