На социјалните мрежи Дејан Проданоски, кандидатот за градоначалник од Коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ најави двојна победа:
Почитувани, најавувам голема двојна победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Прилеп уште во првиот круг! Ова е победа на делата, на чесноста, на вистинските луѓе! Го продолжуваме започнатото со иста решителност, со уште поголема сила и верба во иднината на Прилеп! Прилепчани покажаа дека ја препознаваат вистинската работа и вистинскиот човек. Ова не е само победа, ова е порака дека заедно ја градиме иднината што ја заслужуваме! Ви благодарам за довербата, за секој глас, за секој искрен збор на поддршка. Продолжуваме уште посилно со дела, одговорност и љубов кон Прилеп што расте и напредува! Да живее Прилеп! Да живее Македонија!