Приведени прилепчани, кај нив пронадена и одземена дрога

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Кај двајца прилепчани во  патничко возило полицијата во вечерните часови пронашла и одзела дрога.

Настанот се случил  на 15.01.2026 во 22:20 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода 44-годишната Е.С. и Д.С.(43), двајцата од Прилеп. При контрола на патничко возило „мерцедес” со прилепски регистарски ознаки на кеј „4 Јули“ во Прилеп, полициски службеници пронашле и одзеле грутчеста материја и други предмети.

По целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Млад возач тешко повреден – излетал од коловозот на регионалниот пат Битола – Прилеп

Синиќа, пред полноќ , 24 годишен Прилепчанец управувајќи го своето возило излетал од патот Битола – Прилеп и се здобил со тешки повреди. На 15.01.2026 во 23:32 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Битола – Прилеп, патничко возило „форд ескорт“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.Б.(25) од...

Во сообраќајка тешко повреден возач на мопед во Прилеп

На 14.01.2026 во 10:55 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на крстосница од ул.„Тризла“, ул.„Горан Миноски“ и ул.„11 Октомври“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило патничко возило „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(38) и мопед управуван од Ш.И.(60), двајцата од Прилеп. Во несреќата...

Прилеп се подготвува за Карневалот „Прочка 2026“

Во пресрет на празникот Проштени поклади – Прочка Прилеп се подготвува за традиционалниот Карневал кој што е еден од традиционалните настани и манифестации за градот. Градоначалникот Дејан Проданоски остварил средба со првите луѓе на Федерацијата на европските карневалски градови со претседателот на Федерацијата на европски карневалски градови (FECC), г-дин Ларс...