Вчера околу 17:00 часот, полициски службеници од ОВР Виница лишиле од слобода 35-годишниот Џ.А. од Виница, по пријава дека физички ја нападнал неговата сопруга во дворот на семејниот дом.
При извршен алкотест било утврдено дека Џ.А. имал 2,02 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна кривична пријава.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









