Приведен прилепчанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На 31.07.2025 во 14:00 часот на бул.„Гоце Делчев” во Прилеп, полициски службеници од  ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.Ѓ.(52) од с.Воѓани, прилепско. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило „тојота” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал С.Ѓ., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени  1,79 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичен законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.

На 31.07.2025 во 15.30 часот во ОВР Прилеп, О.С.(48) од Прилеп пријавил дека на ул.„Васко Карангелевски“ во Прилеп  бил физички нападнат од две лица, кои употребиле тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: