Утрово, (05.11.2025) во 02:00 часот на ул.„Тризла” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода А.Е.(22) од Прилеп.
При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „опел” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал А.Е., и при преземање мерки констатирано е дека го управувал под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,75 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.









