Полицијата уапси двајца мажи едниот од Прилеп, а другиот од Кавадарци, откако при контрола на возилото, кај Валандово, кај едниот бил пронајден кокаин од околу 100 грама. СВР Струмица поднесе кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги“, а судот во Гевгелија им одреди мерка притвор од по 30 дена.
–
СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против А.К.(27) од Кавадарци, со престој во Прилеп и против С.Р.(30) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот закон“, се вели во полицискиот билтен.
Имено , на 02.09.2025 на крстосница Валандово-село Чалакли, полициски службеници од СВР Струмица и ОВР Валандово извршиле претрес на патничко возило „ауди“ со прилепски регистарски ознаки и на лицата кои го управувал С.Р., а сопатник бил А.К., била пронајдена бела грутчеста материја.
Лицата биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Струмица, каде во службен разговор кавадарчанецот А.К. признал дека белата грутчеста материја пронајдена кај него е кокаин со тежина од околу 100 грама.
Поради ова, во текот на вчерашниот ден, биле извршени претреси и на неколку локации на подрачјето на Прилеп, при што биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривичното дело.
Лицата А.К. и С.Р. биле изведени пред судија од Основен суд Гевгелија, кој им определил мерка притвор во траење од по 30 дена, информира МВР.