Пристигна во Македонија историски документ од 17 век за посебноста на Македонците

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Професорот Георги Гоце Дуртаноски и’ ја врачи на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова првата копија од Привилегијата  дадена на Македонците од Светиот римски цар Леополд Први Хабзбуршки во 1690 година во Виена. Овој историски документ е од огромна важност и денес кога Македонија и Македонците се соочуваат со негирање на етничката, културната и историската посебност.

Авторот на овој уникатен документ во калиграфски препис е проф. Георги Гоце Дуртаноски кој на овој свечен чин се осврнал за неговата важност за потврда на посебноста на македонскиот идентитет.

„Со Привилегијата, царот Леополд го прифатил барањето за заштита на Македонците од турското ропство, барајќи од нив да се приклучат во борбата против заедничкиот непријател. Оригиналниот записник беше пронајден во Воениот архив во Виена, а потем реконструиран во Центарот за ракописни студии при Европската христијанска академија,“ рече Дуртаноски, кој воедно раководи со Академијата во Летонија .

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изрази почит кон неговата успешна работа на Европската христијанска академија, каде што предава христијанска палеографија, но и за ангажманот на Дуртаноски ширум Европа за препознавање и зачувување на историските факти и личности од значење за Македонија.

„Привилегијата  е од особено значење за македонскиот народ и неговиот идентитет. Документот го потврдува она што повеќепати е докажано, но добро е да имаме уште еден аргумент, соочени со обидите за негово оспорување“, додаде претседателката Сиљаноска-Давкова.

Чинот на примопредавањето на овој историски документ е само уште една потврда за важноста и ефикасноста на културната дипломатија како еден од начините за промоција и заштита на македонската самобитност преку богатото  македонско културно наследство.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Ново спортско игралиште во ООУ Рампо Левката Прилеп

Дворот на ООУ „Рампо Левката“ е збогатен со уште еден простор за спортски активности на децата. Денеска беше промовирано и пуштано во употреба ново, современо игралиште за баскет, со тартан подлога и ново осветлување. Градоначалникот Дејан Проданоски посочи дека инвестицијата е од Општина Прилеп.

Шампионот одигра шампионски – РК Прилеп – РК Еурофарм Пелистер 25:40

Во 10 коло од Супер машката ракометна лига, ракометарите од Прилеп на домашен терен, вечерва изгубија од помоќниот противник, Еурофарм Пелистер со 25:40 (12: 21). Тоа беше натпревар меѓу Давид и Голијат. „Џиновскиот“ тим на Еирофарм Пелистер само беше домашна атракција за прилепската публика, која сакаше да го види македонскиот...

Дулеска: Скапоцени и применливи впечатоци од посетата на Кина

Таа е професор по англиски јазик. Таа е динамична, препознатлива, отворена, секогаш позитивна и желна за отворање на нови хоризонти, нови знаења кои несебично ги применува во својата работа. Се труди да донесе свежина во својата работа, да ги направи часовите интересни и примамливи за децата. Нејзината вокација е „Образованието...