Прилепскиот театар со „Чиста куќа“ започнува серија гостувања во земјава и странство

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Народниот театар  „Војдан Чернодрински“ со претставата „ЧИСТА КУЌА“ од Сара Рул, во режија на Тамара Стојаноска ќе гостува во неколку градови во земјава и во странство. На 4 -ти декември 2025, претставата ќе биде изведена во театарот во Струмица, на 6-ти декември во Велес, а на 13-ти театарот, “Војдан Чернодрински“ ќе гостува во Никшиќ, Црна Гора.

 Публиката во овие три града ќе има можност да ја проследи „Чиста куќа“,  претстава што раскажува длабока човечка приказна за животот и смртта, преку пет различни, но меѓусебно испреплетени ликови….  Претставата го истражува ширењето на емпатија и начинот на кој се справуваме со траумите од детството — во нашиот случај, преку вицови, како средство за преживување, бегство и поврзување… Чистењето во претставата не е само физичка активност, тоа е метафора…. Претставата се движи на границата меѓу реалноста и имагинацијата, користејќи елементи на магичен реализам за да ги прикаже емотивните состојби на ликовите, каде вицовите можат да лекуваат и убиваат, а љубовта може да живее и по смртта. Сара Рул, со својот препознатлив поетичен стил ја претвора секојдневната болка во нешто магично, духовито и лековито.  „Чиста куќа“ не е само приказна за чистење простор, туку за чистење на внатрешниот емотивен хаос.

Податоци за претставата:

Драматургија: Лидија Митоска-Ѓорѓиевска

Сценографија, дизајн на плакат и рекламен материјал: Филип Коруновски

Музички соработник на режисерката: Ана Митоска

Избор на костими: Тамара Стојаноска во консултација со актерската екипа

Фото : Фан продукција Зоран Пилоски

Актерска екипа:

ЛЕЈН – Даниела Иваноска

МАТИЛДА – Наташа Ачански

ВИРЏИНИЈА – Катерина Чакмакоска-Клинческа

АНА – Јасмина Мицовска Станкоска

ЧАРЛС – Димитар Ѓорѓиевски

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Од денеска отворен патот за Охрид преку Галичица

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од денеска 15.04.2026 се отвара за сообраќај за сите видови возила до 3.5 т. информираа од диспечерскиот – информативен центарна  на ЈП Македонија пат. Овој пат ќе биде отворен за сообраќај до 15.11.2026. Тоа значи дека живописната линија која ги поврзува...

Од 100 те возила за пошти ќе се “офајди„ и прилепската пошта со неколку нови товарни возила

Од 100 нови возила кои ги набави Владата за потребите на Македонски Пошти, неколку нови товарни возила ќе добие и прилепската пошта, како подружница на Македонски пошти. Денеска прествниците од оваа институција присуствуваа на презентацијата на 100 те возила , објави раководителот на прилепската подружница на Македонски пошти, Милена Јованоска....

Физички нападат на работно место во прилепската болница

Рано утрово, вработен во прилепската болница бил напад од друго лице, а СВР Битола соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот на физички напад во прилепскта болница. Настанот се случил на 15.04.2026 во 01:40 часот во ОВР Прилеп, кога Д.С.(34) од Прилеп пријавил дека на работното место во...