Прилепскиот театар подготвува две претстави: Ловец во р’жта и Црнила

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во театарот „Војдан Чернодрински“  во тек се пробите  за претставата  „Ловец во р’ жта“ (The Catcher in the Rye) по истоимениот роман на Џ. Д. Селинџер, а воедно, се подготвува и претставата ,,ЦРНИЛА” од Коле Чашуле во режија на Дејан Пројковски. И двете претстави се дел од годишната програма за работа на театарот за 2025 година.

Претставата  „Ловец во р’ жта“ (The Catcher in the Rye) по истоимениот роман на Џ. Д. Селинџер режисер е Мартин Кочовски, кој вели дека претставата ќе преставува еден вид кратка историja на подемот и падот на индивидуата од средината на минатиот век до денес, со субjективна визиja за судбината на индивидуата во блиската иднина.

– Индивидуата во рамките, спрегите и режимите на времето за кое имаме напишани докази и нивните остатоци на кои сме современици. Претставата ке прави врски на моменти конфликтни меѓу поетиката и неjзината наjблиска форма – анархиjата; врски меѓу импресионизмот во текстот и костимографиjата и експресионизмот во актерската игра и сценографиjата; и на семиотичко ниво врски меѓу интимното и општественото. Во време каде што безимените автори (кои не се многу, а меѓу нив најпопуларни се оние кои ги напишале “светите” книги), губат смисла, причина и функција, се издигаат автори, кои се условно речено, наши современици. Во време кога невидливата или божествената сила не нуди одговор, утеха и се разбира спас, автори со име, презиме, дата и место на раѓање ни обезбедуваат простор во кој можеме безбедно да се вратиме на првичното “наше”, човечко постоење и делување. Еден од нив, со забележителен успех не потсеќа дека човекот и никој друг, е во центарот на светот и нештата. Се разбира Salinger. Сега кога конечно е завршено со Пост-модерната уметност и “третата модерна”, а Нео-класицизмот се бори за здив, се издига Новата Ренесанса. На таа основа и во околности на глобална општествена безизлезност, неизбежно е да се бавиме со The Catcher in the Rye.

На жалост секојдневието не е. Специфичната природа на односи која ни е зададена во овој период само ги извлече на површина проблемите на општеството кои сме ги имале. Непрележаните и нетретираните современи болести: изолираноста на индивидуата, отуѓувањето по секоја основа, класната поделба. Тие “болести” сега станаа видливи, но тие постоеле со декади. Истовремено, светската тага, солидарноста, сочувството, равноправноста, интелектуалната тага ке има можност да не спаси пред политичкото општество. Во интерес на проклетството или досадата на егзистенцијалната повторливост, претставата ќе минува низ времето, тоа значи дека визуелно ке се менуваат епохите, музичката слика ќе се развива или деградира, и радоста од актерската игра ќе менува фокус, т.е. претставата ке има 5 жанрови. Ќе осцилира од вистинска психолошка драма до современ музички еп – вели режисерот Мартин Кочовски.

Драматизацијата е на  Лидија М. Ѓорѓиовска, за сценографијата е задолжен Филип Јованоски, за костимите Јулијана Војкова, а за музиката Пеце Трајковски – Брада.

Играат Димитар Ѓорѓиевски, Игор Трчески, Даниела Иваноска, Наташа Ачанска, Ангела Наумоска, Марија Спиркоска Илиеска, Катерина Чакмакоска Клинческа, Јасмина Мицовска Станкоска, Илија Волчески, Александар Тодески, Михајло Миленкоски и гостите Здравко Стојмиров и Теона Крстеска, Премиерата е планирана за декември.

 

Претставата ,,ЦРНИЛА” од Коле Чашуле во режија на Дејан Пројковски.Играат: Александар Степанулески, Димигар Ѓорѓиевски, Илија Волчески, Александар Тодески, Бобан Алексоски, Катерина Чакмакоска-Клинческа, Сара Спиркоска, Михајло Миленкоски

Сценографија :  Валентин Светозарев,

Костимограф : Марија Пупучевска,

Музика : Горан Трајковски

Премиера : Средината на ноември

Режисерот Дејан Пројковски за претставата:

Црнила ќе го истражува моралниот пад на човекот, братоубиството и предавството во македонската револуционерна борба. Централен настан е убиството на македонскиот револуционер Ѓорче Петров од неговите соработници во 1921 година во Софија. Претставата ќе се занимава со трагедијата на македонското самоуништување и мрачните страници од националната историја, со ликови кои се морални престапници и кои работат против својот народ.

 Биполарно обликуваните ликови ќе го потенцираат егзистенцијалниот апсурд на човекот оставен во светот без да ја знае смислата на своето постоење. Ликовите се поделени според степенот на предавство, главен предавник е Луков,  Орце е трагичен лик – мамка на сопствената егзистенција, Фезлиев е нашето грдо лице погледнато во огледалото.

Во претставата ќе се акцентира историскиот и политички контекст, но и егзистенцијалниот апсурд и длабоката осуда на човечкиот пад и предавството на сопствениот народ. Просторот ќе биде метафора на историска раскрсница, всушност домот на Христови е местото каде што се подготвува заговорот каде што реализмот ќе станува апсурд. Сценографијата треба да ја рефлектира мрачната, тензична атмосфера на времето и настаните, со симболични елементи кои ја нагласуваат тежината на темата и апсурдот на времето.

„Црнила“ е национална драма која преку историскиот настан на убиството на Ѓорче Петров ја истражува и осудува темната страна на македонската историја, предавството и човечкиот пад. Црнила е тема која што секоја театарска генерација треба да ја преиспитува и работо како вивисекција на времето што го живееме.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Kандидатот за градоначалник на Долнени од ВМРО ДПМНЕ, Вељаноски најави обнова на локалните патишта

Денеска во посета на општина Долнени беше директорот на ЈПДП Коце Трајановски, кој нагласи дека Општина Долнени во иднина ја очекува инфраструктурен бум. Тој нагласи дека овие активности ги им и во изборната програма за општина Долнени на кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Сашо Вељаноски , од кои се...

(ВИДЕО)Прилеп: Врачени уверенијата за Градоначалник и советници на Советот на Општината

Општинската изборна комисија денеска  ги додели уверенијата за избраниот Градоначалник и 27 уверенија за советници во Советот на општина Прилеп. Свечениот чин се одржа во собраниската сала на Општината. Со тоа практично по  10 денови oд завршувањето на првиот круг на Локални избори 2025 година, Прилеп добива нов состав на Советот...

Концерт на Октет Прилеп во Цепенков

На 31.10. 2025 ( петок ), во големата сала од НУЦК „Марко Цепенков“ со почеток од 18.30 ч. целовечерен концерт ќе одржи Октет Прилеп. Гости се: Сашо Башески, Викторија Георгиеска ,Дани Даниела. Ќе биде убава вечер со староградска музика, во која публиката ќе ужива. Резервации на влезници на тел. 078/664...