На Интернационалната олимпијада за вештачка интелегенција, во Љубљана, од 200 ученици, двајца средношколци од Македонија покажаа врвен успех и освоија медали.
“Натпреварувачи Благој Рујаноски Стојаноски од гимназијата “Мирче Ацев” од Прилеп и Андреј Ангелов од Математичко информатичката гимназија од Скопје освоија бронзен медал„, со гордост соопшти на својот профил на Фејсбук македонскиот амбасадор во Словенија, Горан Милевски.
„Натпреварувачите беа под менторство на професорот Емил Станков од ФИНКИ и асистентот на ФИНКИ Димитар Милески. Медалите им ги додели министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон.
Честитки за нашите млади мозоци кои во конкуренција од 200 натпреварувачи од целиот свет успеаја да и донесат бронза на Македонија“ – напиша амбасадорот Милевски.









