Прилепска промоција на „Ex nihilo: Репортажна поезија за Андалузија“ од Звонко Димоски

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На шести април, понеделник од 18 и 30 во кафетеријата Тротоар во Прилеп ќе се одржи промоција на „Ex nihilo: Репортажна поезија за Андалузија“ од Звонко Димоски. Промоторка на новото дело од Димоски е Драгица Здравеска.

Ex nihilo: Репортажна поезија за Андалузија“ на Звонко Димоски е ракопис што ги обединува поезијата, патописот и документарниот пристап во современ книжевен текст инспириран од културната и духовната историја на Андалузија. Делото е конципирано како документарно-поетски циклус во кој Андалузија се чита како простор на историска меморија, мит и лична внатрешна географија. Делото ја развива формата на репортажна поезија — современ жанр што ги поврзува фактографијата, авторското сведоштво и поетската слика.

Структурно, книгата претставува заокружен поетски циклус составен од дваесет и четири тематски целини, посветени на конкретни места, личности и симболи од андалузиското културно наследство. Секоја песна функционира како поетска репортажа, надополнета со елементи на историско толкување и кратки воведни белешки, создавајќи впечаток на културна хроника во стих. Авторскиот пристап ја претвора Андалузија во симбол на повеќекултурност, соживот и духовна светлина, каде што се преплетуваат традициите на исламот, христијанството и јудаизмот, музиката на фламенкото и чувството на историска меланхолија.

Книгата е во издание на Полица, реализирана со поддршка на Министерствот за култура и туризам.

Ракописот „Ex nihilo – Репортажна поезија за Андалузија“ на читателот му нуди можност да ја запознае Андалузија, но не како географски предел, туку како духовен простор – живо место што се преселува во срцето на читателот. Во него, документарната прецизност постепено се преточува во чиста поезија, оставајќи силна емоционална трага и нова димензија во современиот македонски поетски израз. Оваа поетска книга сведочи за редок спој на интелектуална рефлексија и длабока лична чувствителност, кој создава впечатлива читателска блискост. Ана В. Рингачева

 

„Поезијата на Димоски создава впечатлива синтеза меѓу патописното сведоштво и лирската чувствителност, претворајќи го просторот во симболичен топос на внатрешното искуство. Неговите стихови ја откриваат Андалузија како метафора за враќањето кон изворната емоција и духовната припадност. Со тоа, авторот успева да изгради поетски свет што истовремено е конкретен и универзален, близок и длабоко созерцателен“. Мариола В. Миколајчакова (Полска)

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО) Jack Daniel со нова химна за ноќните забави

Скопје добива нова музичка химна за ноќниот живот! Со енергија што се чувствува уште од првите тактови, Jack Daniel ја претставува својата најнова песна „Во Скопје“ – динамична, разиграна и создадена за журки што траат до раните утрински часови. Уште на самиот почеток, заразниот рефрен вели: „Во Скопје има журка,...

(ВИДЕО)Ден на тутунските работници: треба правична, транспарентна и одржлива рамка за тутунопроизводството

Организацијата која повеќе децении беше легитимен претставник на тутунопроизводителите – Сојузот на здруженија на тутунопроизводители денеска со собир на претставниците од 15 те здруженија членки на Сојузот, го одбележа Денот на тутунските работници – 4 ти април во Прилеп.  Сојузот на здруженија на тутунопроизводители на Република Македонија постои од 1953...

„Недела на пешаците“ – едукација за учесниците во сообраќајот

Авто Контрол активно се вклучи во реализација на едукативна активност насочена кон подигнување на свеста за безбедноста на пешаците. Активноста е во рамките на националната кампања „Недела на пешаците“, иницирана од РСБСП, а во организација на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот во Прилеп. Традиционално и овој настан беше во...