Прилепска промоција на „Единствен матичен број“ од Лидија Димковска

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Утревечер (13.3) во градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, со почеток од 18.00 часот, ќе биде промовиран романот „Единствен матичен број“ од македонската писателка Лидија Димковска, во присуство на авторката. Романот е носител на традиционалната престижна награда „Роман на годината“ што ја доделува фондацијата „Славко Јаневски“.

Овој роман ја третира актуелната стварност низ призмата на авторската посебност. Романот говори за алиенацијата на човекот во новото „современо“ време, освестувачки роман за реалноста и светот околу нас, што заборавивме, како треба да го сакаме. Трогателна приказна за обесчовечувањето на човештвото. Роман – потрага по утопијата на идентитетот преку дистопија на животот.
Промотор на делото ќе  биде поетесата  Виолета Танчева Златева.
„Единствен матичен број“ е четврт роман на Димковска, која што живее и твори во Словенија, оставајќи траен белег не само во македонското, туку  и на светското книжевно творештво.

Лидија Димковска е македонска поетеса, прозаистка, есеистка, теоретичарка на книжевноста и преведувачка.  Завршила  Филолошки факултет во Скопје, а докторирала на тема од романската книжевност на Филолошкиот факултет во Букурешт, Романија. Работела како лекторка по македонски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Букурешт. Членка е на ДПМ од 1995 година.

Нејзините романи „Скриена камера“ и „Резервен живот“ наградени се со „Стале Попов“ од ДПМ.

Во  2013 година за романот „Резервен живот“, Димковска ја добила наградата за литература на Европската унија.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ФОТО-ВИДЕО)🌄Природата – инспирација за модна креација🥻Trash Fashion модна ревија во СОУ Ѓорче Петров

На светскиот ден на животната средина, денеска во дворот од СОУ ” Ѓорче Петров” се одржа модната ревија Trash Fashion на тема “Природата – инспирација за модна креација”.  Со овој настан учениците покажаа дека материјалите и облеката кои често ги сметаме за отпад можат да добијат нов живот. Учествуваа 20...

Ристески: Исплатата на субвенциите за тутун до средината на јуни, нема поврат на субвенциите за 2024 та

На тутунарите до средината на јуни ќе им бидат исплатени субвенциите за предадено производство за реколта 2026/27, а производителите кај кои биле констатирани неправилности за 2024 та во пријавувањето на површините за засаден тутун исто така ќе добијат субвенции, најави Киро Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија. „Тутунопроизводителите кои...

Пари: Секој десетти прилепчанец обезбедува плата кај некоја од десетте најголеми компании во Прилеп

Во Прилеп 44% работата во индустријата, останатите во локалната еконоија. Секој десетти прилепчанец обезбедува плата кај некоја од десетте компании – најголеми работодавачи ( Гентерм, Мермер, Витаминка…. ) Нивните колективи минатата година броеле 6.623 лица што, пак, е околу 44 насто од сите вработени во градот, пишува  pari.com.mk чии целот...