Прилепска пиварница воведува иновација за подобра заштита на животната средина

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Прилепска пиварница продолжува да работи водејќи сметка за животната средина со новата инвестиција во подобрување на производните процеси. Како дел од обврската кон еколошки одржливи практики, пиварницата почна со користење иновативни пластични капачиња, кои остануваат прицврстени на амбалажата. Оваа промена е дел од целта за намалување на загадувањето и обезбедување поефикасно рециклирање на материјалите.

Со приспособување на производните линии за пијалаци во ПЕТ-амбалажа, Прилепска пиварница користи претформи и капачиња со помала тежина, што директно ја намалува количината пластичен отпад, без да се компромитира квалитетот на производите, а промената ќе има позитивен ефект врз животната средина.

„Со оваа инвестиција продолжуваме да работиме на намалување на влијанието на пластиката врз природата. Нашата цел е да придонесеме за поквалитетна иднина и чиста животна средина, а оваа иновација ќе има значителни еколошки придобивки. Прогнозата покажува дека во 2025 година ќе намалиме 130.000 килограми пластичен отпад, што претставува важен чекор напред во нашата обврска да ја зачуваме планетата за идните генерации“, изјави Панде Самарџиоска, заменик-генерален директор на Прилепска пиварница.

Со оваа промена, Прилепска пиварница не само што ги исполнува обврските во согласност со европската Директива 2019/904, која има за цел да го намали влијанието на пластичните производи врз природата, туку и активно се подготвува за продолжување на својот извоз на европските пазари. Иако во Македонија наведената забрана не е во сила, приспособувањето на линиите ќе овозможи продолжување на извозот на пазарот во ЕУ, а од друга страна ја потврдува лидерската позиција на македонскиот пазар како компанија што ги следи најсовремените трендови во заштитата на животната средина, соопштуваат од компанијата.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

‼️Да гласаме -„Прилепчанчина“ имаат голема шанса за освојување МИЛИОНЧЕ‼️

Четиричлена екипа ученици од СОУ „Ристе Ристески Ричко“ има голема шанса да освојат награда од 1 милион денари. Тимот на „Прилепчанчина“ составен  од Иринеј Трајкоски, Антонио Христоски, Христијан Трајкоски и Даријан Мицкоски, сите ученици од СОУ „Ристе Ристески Ричко“ со својата идеја Локал Лендс (Local Lands) се пласираше во првите...

„Не биди трупец, засади дрво“ – акција за пошумување во билизна на с. Лениште

По повод Светскиот ден на лицата со дијабетес – 14 ноември и негово одбележување, во општина Прилеп ќе се реализира третата по ред акција за пошумување под мотото „НЕ БИДИ ТРУПЕЦ, ЗАСАДИ ДРВО“, во организација на „Сина Револуција“. Акцијата ќе се реализира на 16 ноември 2025/ недела/ од 10.00 часот...

Приказна за човекот и мечката – „Кој кому му е закна ?!„

Ноември – месецот кога шумата тивко се подготвува за зима. Но, зад мирната слика, понекогаш се крие опасност. Денoвиве јавно се говри за нешто што сè почесто го слушаме во вестите: напад на мечка врз човек. Се започнало како обично утро – човек излегува да бере печурки во шумата. Но,...