ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА ГО ПРЕТСТАВУВА НОВИОТ ЗЛАТЕН ДАБ АМБЕР – ПРЕМИУМ ЛАГЕР ПИВО СО 100 % ЈАЧМЕНОВ СЛАД

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Прилепска Пиварница, еден од водечките производители на пиво во Македонија, со гордост го претставува својот најнов производ. Златен Даб Амбер е нова екстензија на Златен Даб, која е резултат на 100-годишното искуство и усовршување на процесот на производство на Пиварницата. Ова премиум лагер пиво е создадено од врвни состојки – 100 % јачменов слад и светол карамелен слад, што му дава уникатен карактер, богата арома и совршен баланс на вкусот и 5 % алкохол.

Со својата карактеристична килибарна боја и густа пена, Златен Даб Амбер нуди префинето пивско искуство, комбинирајќи суптилен горчлив вкус со фина сладост. Овој производ е резултат на најсовремена технологија на производство, што гарантира непроменлив висок квалитет и врвно уживање за сите љубители на квалитетното пиво.

„Со Златен Даб Амбер внесуваме свежина на пазарот и одговараме на барањата на вистинските познавачи на пивото. Инвестирајќи во развојот на новиот член во семејството на Златен Даб, уште еднаш ја потврдуваме посветеноста на врвниот квалитет како наш водечки принцип. Ова пиво е резултат на барањата на вистинските пивопијци, кои сакаат пиво со богат вкус, убава и стабилна пена, поразлично од сите пива што во моментов се на пазарот. Нашиот одговор на овие барања е Златен Даб Амбер“, изјави Сашко Самарџиоски, генерален директор на Прилепска Пиварница.

„Горди сме што создаваме пиво со 100 % јачменов слад, што значи природен и богат вкус без компромиси. Со примена на најсовремени технологии, постигнавме извонредна рамнотежа помеѓу горчината и сладоста, создавајќи пиво што ќе ги воодушеви дури и најпребирливите пивопијци“, додаде г. Панде Самарџиоска, заменик-генерален директор на Прилепска Пиварница.

Златен Даб Амбер е достапен во стаклено шише од 0,33 l и 0,5 l, лименка од 0,5 l и пет-амбалажа од 1,5 l, нудејќи избор за сите љубители на пивото.

Подгответе се за совршен вкус за 100 % уживање со Златен Даб Амбер – новото пиво што носи автентично пивско искуство во секоја голтка!

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Проданоски оствари средба со амбасадорите на Германија и Франција

На германските гробишта во Прилеп денеска по повод „Денот на примирјето“ и „Денот на народната жалост“, им беше оддадена почит на жртвите од Првата светска војна. Делегации од амбасадите на Сојузна Република Германија и Република Франција, предводени од амбасадорите Н.Е. Петра Дрекслер и Н.Е. Кристоф Ле Риголер, делегација од Општина Прилеп,...

(ВИДЕО) Тутунски Комбинат подготвен за старт на откупот

На 18 ти ноември, вторник, Тутунски Комбинат на 34 пунктови и 37 ваги почнува со откуп на договорените количини од 2 милиони и 300 илјади кгр. ориентален тутун.  Средствата за исплата се обезбедени. Цените договорени во март се највисоки досега, а доколку има корекции за повисоки цени, Комбинатот ретроактивно ќе...

“Средби со граѓани“ функционира! Остварени средби и надеж за соработка – прв примен ден и отворени врати за граѓаните на Општина Прилеп

Првиот најавен и организиран приемен ден со граѓаните на Општина Приелеп, е отценет како успешен. 20 – тина прилепчани имаа можност да ги изнесат своите сугестии, предлози, идеи и да побараат помош од локалната власт. Целта на средбите со граѓаните  е да се идентификуваат реалните потреби и да се понудат...