Прилепчанката Стојаноска победничка на конкурс за режија во Бугарија

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Македонската режисерка Тамара Стојаноска е апсолутна победничка на седмото издание на конкурсот за млад театарски режисер „Слави Шкаров“, органзиран од Драмскиот театар „Сава Огњанов“ во Русе, Бугарија.

Стојаноска ја претстави својата интерпретациа на извадок од „Срде од ајкула“ според романот на Емили Хабек во соработка со актерите Соња Пилатова, Борислав Апостолов, Ростислав Панков, Надја Банчева и Александар Узунов.

Покрај главната награда определена од жири комисијата составена од драматурзите Клаудио Гроза и Ина Шкарова и актерот Жарко Спасовски, на Тамара Стојаноска категорично и припадна и наградата од публиката. Двете награди и беа врачени од директорот на театарот, Бојан Иванов.

Освен Стоаноска, финалисти на конкурсот беа и Рафаел Бижев, режисер од Република Бугарија и Тудор Антофи, режисер од Романија. Тројцата беа номинирани да се натпреваруваат во финалната фаза, која  се одржа во Русе од 16 до 21 јуни. Во текот на тие пет дена, избраните режисери имаа можност да работат со актери од ансамблот на театарот во Русе и на крај да ги претстават своите подготвени извадоци пред публика. Победникот, определен од жирито, добива можност да го доразвие прикажаното и да го претвори во целосна претстава во Драмскиот театар „Сава Огненов“

Селекторка на конкурсот оваа година е театарологот Деница Езекиева, која одлучи седмото негово издание да помине под мотото „Нарцис и Ехо“.

– Главни критериуми при изборот беа пред сè естетските квалитети на предлозите, аргументацијата при изборот на текстот, оригиналноста на режисерската концепција и желбата за самостоен и авторски сценски израз. Верувам дека избраните режисери ќе се осмелат да ги реализираат високите задачи што ги поставуваат нивните концепти“ – рече селекторката Деница Езекиева.

Конкурсот го носи името на видниот бугарски режисер Слави Шкаров и има за цел да ги поддржи младите таленти во областа на театарската уметност. Победата на ова натпреварување отвора нови можности за младите креативци за развој на нивната кариера, а наградите на  Тамара Стојаноска ќе и дадат можност  да ја развие и реализира својата идеја во целосна претстава во наредната театарска сезона на сцената на Русенскиот театар.

Филип Димкоски

Фото: Јавор Мичев

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

РАДИО ПЕЛА ЗАКИТИ СО ПРИЗНАНИЈА 13 ВЕЛИЧЕСТВЕНИ ПРИЛЕПЧАНИ

Прилеп уште еднаш докажа и потврдие дака има што да понуди – вредни, креативни, посветени, иновативни, посебни, одговорни и храбри луѓе, за кои вреди да се пишува и да се дел од новинарскиот бележник за нивните дела да останат во архивата на прилепската историја. По 7ми пат, Радио Пела (Радио...

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...