Прилепчанката Јована во составот на македонската фудбалскa репрезентација до 19 години

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Македонската женска репрезентација до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против селекцијата на Русија до 19 години. Двата меча ќе се одиграат на стадионот на ФК Турново на 24. и 27. октомври.

Во составот е и талентираната прилепчанка Јована Каралиоска која настапува за ЖФК Скопје.

Македонската женска репрезентација до 19 години, од 25. ноември до 1. декември, ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир, група Б, за пласман во повисок ранг квалификации за ЕП. На турнирот во Струмица ќе се соочиме со Грузија, Азербејџан и Словенија.

На 4. ноември во Нион, Швајцарија, македонската женска репрезентација ќе ги дознае противничките селекции во групата од новите квалификации за пласман на Европско првенство.

Ова е составот на селекторот на млада женска репрезентација, Кирил Изов кој ќе смета за натпреварите против врсничките од Русија :

Голмани: Ведрана Комненова (Љуботен), Ангела Блажева (Каменица Саса);

Одбрана: Росана Китановска (Љуботен), Михаела Додевска (Скопје), Јована Каралиоска (Скопје), Мила Панева (Скопје), Александра Ристевска (Топ Гол), Васка Василева (Каменица Саса), Канита Емини (Истатов), Ангела Димчова (Тиверија Брера);

Среден ред: Теона Галабовска (Тиверија Брера), Стефанија Божинова (Тиверија Брера), Сара Дика (АС Јунајтед), Андреа Коловска (Истатов), Никица Трендова (Скопје), Кристина Крстева (Скопје);

Напад: Настасја Накова (Љуботен), Елена Симјонова (Љуботен), Ана Боризоска (Скопје), Калина Попески (Црвена Звезда, Србија), Емили Митковска (Речица);

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилепска промоција на „Дождови во мај“ на Даница И. Лепојевиќ

Промоцијата на „Дождови во мај“ од македонската поетеса Даница И. Лепојевиќ  ќе се одржи во сабота, во 18 часот, во кафе-барот Тротоар. Освен авторката, од книгата ќе читаат поетесата Габриела Стојаноска-Станоеска и актерот и поет Игор Трпчески. Промотор на делото е Звонко Димоски. „Дождови во мај“ на Даница И. Лепојевиќ...

❗Блокадите на Спас за Прилеп кон Оревоец продолжуваат ❗

По обидот да влезат камиони на „Бехтел и Енка“ во стариот коп кај Оревоец, од вчера среда 22 октомври нови секојдневни блокади на патот кон селото од раскрсницата од Прилеп кон Плетвар се активни од жителите на околните села и и активисти на Спас за Прилеп. Од денеска четврток, 23...

Откако повторно се појавија камиони на „Бехтел и Енка“ жителите повторно започнуваат со блокади на патот Оревоец

Денеска повторно избувна тензија меѓу жителите на Оревоец и компанијата „Бехтел и Енка“, откако беа забележани камиони од компанијата кои со полициска придружба биле во обид да влезат на спорниот стар коп, кој беше блокиран цели девет месеци во 2024 година. Жителите на селото Ореовец и активистите за здрава животна...