Прилепчанка остана и без пари и без виза, посредникот ја измамил

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Прилепчанка остана без пари и без ветената виза, од како човекот кој што и’ ветувал дека посредува прекинал да комуницира со неа.

На 04.08.2025 во ОВР Прилеп, 26-годишна жена од Прилеп пријавила дека во периодот од 24.03.2025 до 24.07.2025 била измамена од едно лице за сума од 30.500 денари. Според пријавеното, лицето кое се претставило дека е од Тетово ја довело во заблуда дека ќе ѝ посредува за работна виза, а откако таа во повеќе наврати му ги уплатила парите, по што тој ја блокирал и прекинал комуникација со неа. Се работи на расчистување на настанот.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: