Прилепчанецот Исидор Јованоски награден во Србија

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Вечерва во Мал град на Смедеревската тврдина  во Смедерево, Република Србија, свечено е затворен дванаесеттиот меѓународен амбиентален театарски фестивал „Театар во тврдината“.
Завршната вечер започна со доделување на фестивалските награди за кои одлучуваше стручно жири во состав Исидора Миниќ, драмска уметница,  д-р Зоран Максимовиќ, театролог и претседател на жирито и Горан Ибрајтер, писател и извршен директор на Стериино позорје, а потоа следеше концерт „Дунавска рапсодија“ по повод Денот на реката Дунав. На сцената настапија и оркестарот на конзерваториумот „Синхроно“ од Лариса, Грција, и оркестарот „Светлост“ од Смедерево, дарувајќи и на публиката музички поздрав кон Дунав, кон уметноста и кон пријателството.
Наградата за најдобар глумец  „Деспот Ѓурач Бранковиќ“  ја понесе прилепчанецот Исидор Јованоски за улогата на Борис Алексеевич Тригорин во представата „Галеб“ на НТ „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ од Велес. Јованоски дипломиран актер од Прилеп, а вработен во театарот во Велес.
Наградата за најдобра глумица „Деспотица Јерина Бранковиќ“ ја доби Јелена Вукучевиќ од театарот во Крушевац, а најголемото признание за најдобра претстава во целост ја понесе претставата „Духот е наша татковина“ на Српскиот театар во Унгарија.
Наградите кои им беа врачени на наградите се дело на познатиот смедеревски вајар Зоран Кузмановиќ.
Фото: Ненад Живановиќ

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: