Прилепчанец при обработка на нивата, пронашол гранати од Првата Светска војна и пријавил за нивно отстранување.
Имено, вчера ( 18.04.2026) во ОВР Прилеп е пријавено дека во нива на место викано „Горно Садово“, прилепско, се пронајдени гранати.
Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ги подигнал експлозивните направи. Констатирано е дека се работи за две стари артилериски гранати со калибар 155 мм и 122 мм и две запалки 122 мм кои потекнуваат од Првата светска војна, информираат од МВР.









