Битолската полиција привела двајца прилепчани, еден маж и една жена, кај кој, при претрес на возилото со кое се превезуале, пронашле дрога и дигитална вага.
Настанот се сличил, вчера (20.03.2026) во 21:45 часот во Битола, кога полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода лицата Д.В.(49) и Н.М.(39), двајцата од Прилеп. Во нивното патничко возило „сеат” со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.В., а во кое сопатничка била Н.М., пронајдени се паковки со грутчеста материја и дигитална вага со траги од грутчеста материја.
По документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираат од СВР Битола.









