Прилеп – Тепачки и физички напади во раните утрински часови

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Денеска (20.07.) во 04.00 часот во Прилеп, на плоштадот „Методија Андонов-Ченто“, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода М.С. од Прилеп бидејќи истиот го нарушувал јавниот ред и мир. По документирање на настанот против истиот ќе следува соодветен поднесок .
Во 03.00 часот во ОВР Прилеп Р.К.од Прилеп пријавил дека неговиот малолетен син бил физички нападнат во паркот до „Бизнис Центарот“ во Прилеп од страна на непознато машко лице, по што се здобил со повреди. Се преземаат мерки за расчистување и на овој  настанот.

Денеска (20.07.) во 01.30 часот, во ОВР Прилеп било пријавено дека во населбата „Точила“, Ж.Ц.од Прилеп и Б.Н. од село Мало Коњари,прилепско, го нарушувале јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Денеска (20.07.) во 04.00 часот, во ОВР Прилеп Н.Ј. од село Долнени,  пријавил дека пред ноќен клуб во Прилеп бил физички нападнат од три непознати лица. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: